Фармацевти
Контакт

<< Назад

Вратна спондилоза

јуни 1, 2020

|

Шкелќим Селими
дипломиран физиотерапевт



Вратната (цервикална) спондилоза, исто така, познатa како вратен остеоартрит, е состојба која означува промени на коските, дисковите и зглобовите во вратот. Овие промени се предизвикани од трошење на вратните пршлени, како дел од процесот на стареење. Како што стареете дисковите на вратот постепено пропаѓаат, губат течност и стануваат вкочанети.

Вратната спондилоза обично се јавува кај средовечни и постари лица. Како резултат на дегенерација на дисковите, коските и ʼрскавицата кои го формираат вратниот дел понекогаш може да формираат неправилни коскени израстоци наречени остеофити. Овие абнормални израстоци можат да предизвикаат стеснување на ʼрбетниот канал или компресија врз корените на нервите кои излегуваат од ʼрбетниот мозок, состојба која се нарекува спиналната стеноза.

Вратната спондилоза најчесто се манифестира со вкочанетост и болка во вратот. Иако вратната спондилоза е ретко прогресивна, корективната хирургија може да биде корисна во тешки случаи.

Кои се ризик-факторите  за појавата на цервикална спондилоза?

Ризик-фактори  за развој на цервикалната спондилоза вклучуваат:

Кои се симптомите на вратна спондилоза?

Симптомите на вратна спондилоза вклучуваат:

Симптомите на вратната спондилоза имаат тенденција да се подобрат со одмор. Симптомите се поизразени наутро и на крај од денот.

Третманот вклучува различни методи на физикална терапија, а во зависност од степенот на дегенерација може да се применува вратна имобилизација сè додека не се намали болката, иако нејзино долгорочно носење  треба да се избегнува, оти е докажано дека  доведува до слабеење на вратната мускулатура и може да ја влоши состојбата.

Физикалната терапија вклучува различни процедури, како што се цервикално влечење, термотерапија во областа на вратот и активно движење за затегнување и зајакнување на мускулите.

За детално читање на овој текст, погледнете на 14 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ЈУНИ 2020).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>