Истражувањата покажале дека по четкањето на забите, 35 % од просторот меѓу забите останува неисчистен поради неправилното користење на техниките за четкање. Токму погрешните методи за четкање и неможноста да се достигне секој дел од забите, предизвикуваат проблеми кај непцата и забите. Особено болестите кои се појавуваат кај непцата се поврзуваат со одредени заболувања во телото, како што се дијабетес или срцеви заболувања.
Не прескокнувајте ги редовните прегледи
Не чекајте ја забоболката за да го посетите својот стоматолог. Обидете се редовните стоматолошки прегледи да ви бидат навика, со што сите потенцијални проблеми со вашето непце и вашите заби ќе се сведат на минимум. Запомнете дека е подобро вашиот стоматолог да го посетувате за превенција, отколку за лекување.
Пијте повеќе вода
Покрај тоа што водата ќе ви го подобри лошиот здив предизвикан од остатоците храна во вашите заби, таа чистејќи ги тие наслаги ќе го спречи и формирањето кариес на забите. Пиењето вода го забрзува лачењето плунка во устата, со што влијае позитивно на оралното здравје.
За детално читање на овој текст, погледнете на 7 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ЈУНИ 2020).
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци