Фармацевти
Контакт

<< Назад

Имплант или коронка?

јуни 1, 2020

д-р Наташа Наумоска
спец. по стоматолошка протетика
Стоматолошка ординација ИН ДЕНТ, Скопје

|



Со губењето на еден или на повеќе заби во усната празнина настануваат сериозни нарушувања во функцијата на целиот организам. Пациентите имаат проблеми со џвакањето, говорот, естетиката, но можат да настанат проблеми со непцето и темпоромандибуларниот (виличниот) зглоб –ТМЗ.

Поради тоа е неопходно  навремено санирање на забалото и надоместување на изгубените заби со коронки (мостови) или импланти.

Кое е најдоброто решение имплант или коронка?

Денталните импланти претставуваат  современ и ефикасен начин за надополнување на изгубените заби и се дизајнирани така што ги имитираат вистинските заби. Материјалите од кои се изработени имплантите се главно базирани на титаниум и се сосема биокомпатибилни. Имплантите, всушност, претставуваат замена за забниот корен и се поставуваат во коската за да бидат темел на идниот заб.

Сепак, хроничните болести, како дијабетесот, леукемијата можат да го попречат успешното зараснување на имплантот во коската. Пациентите кои не одржуваат добра орална хигиена и пушачите, исто така, не се добри кандидати за импланти.

Порцеланските или керамичките коронки и мостови се користат, исто така, за надоместување на празните простори измеѓу изгубените заби. Мостовните конструкции се цементираат за природните заби. Овие заби претходно треба да се истругаат, со цел да се намали нивната големина и да се обезбеди доволно простор за идната протетска изработка. Материјалот од кој се изработуваат може да биде порцелан врз метален скелет или за повисока естетика, особено во предната регија, може да бидат изработени во целост од порцелан. Тие најблиску го доловуваат изгледот на вашите природни заби.

Сепак, консултацијата и прегледот кои  ќе ги направите  кај вашиот стоматолог го одредуваат најдоброто решение за вас и за тоа каква протетска изработка ќе се направи. Голема улога  во изборот, секако, има и  подготвеноста на пациентот за соработка, како и финансиската состојба на пациентот.

За детално читање на овој текст, погледнете на 6 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ЈУНИ 2020).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>