Фармацевти
Контакт

<< Назад

Лајшманиоза – Кожна заразна болест која може да ви ја пренесе вашето милениче

август 1, 2020

|

Јулијана Милкова
доктор по ветеринарна медицина
Ветеринарна амбуланта Каспер-15 Дуо



Што е лајшманиоза?

Лајшманиоза е тешко паразитарно  заболување кај кучињата предизвикано од едноклеточен паразит (протозоа), кое може да биде пренесено и на човек (зооантропоноза). Болеста е застапена во медитеранските земји, но со климатските промени ја има  сè повеќе и во нашите краеви.

Преносители  се разни хематофагни инсекти, како што се флеботомус и комарецот, кои преку цицањето на крвта од заразеното куче вршат пренос на друго неинфицирано животно. Докажано е и дека болеста може да се пренесе и преку плацентата на младите кучиња.

Времето на инкубација (периодот од инфестација до манифестација на симптомите) е со голем дијапазон и може да биде од 3 до 4 месеци, понекогаш и до 6-7 години. Болеста има неколку клинички облици зависно од состојбата на имунолошкиот систем на животното.

Симптомите некогаш се тешко препознатливи и болеста долго може да остане неоткриена. Клиничката слика е најразлична; кај кожниот облик воочливи се промени на кожата во облик на красти,  првут, крвавење по кожата, зголемување на лимфните јазли, специфични промени околу очите (има облик на очила). Кај обликот каде се нападнати и внатрешните органи се забележува слабеење, слабост на  задните екстремитети, зголемена жед и мокрење, покачена температура и друго.

Дијагнозата се поставува преку брзи теренски тестови и лабораториска дијагностика со методите Еlisa; PCR.

Лекувањето е долготрајно и неизвесно со специјални препарати против лајшманија. Затоа најдобро е да се примени превентива, односно да не дозволиме преносителот – хематофагниот инсект да дојде во допир со кожата на миленикот.  За таа намена на нашиот пазар има доста квалитетни препарати – репеленти.  Исто така, корисно е да се напомене да се избегнуваат долги вечерни прошетки кога најмногу напаѓаат комарците  и да се третира просторот околу живеалиштето со инсектицид.



Во светот постојат и вакцини против лајшманиоза, кои во моментов не се регистрирани и достапни во нашата држава. Што се однесува до хуманата лајшманиоза, годишно на светско ниво заболуваат околу 2 милиони луѓе, од кои најголемиот број манифестираат кожен облик. Болеста успешно се лекува со специјални третмани, доколку е поставена  правовремена дијагноза.

Често пати, за жал, во неможност да помогнат во лекувањето на оваа тешка паразитарна болест кај кучињата, докторите по ветеринарна медицина се принудени да спроведат најнепосакувана процедура – еутаназија на животното. Оттаму уште еднаш апелот, преку примена на репелентни  средства да ги заштитиме нашите домашни миленици.

Кастрација – стерилизација

ЗОШТО МОЕТО КАСТРИРАНО КУЧЕ СÈ УШТЕ ГО ИНТЕРЕСИРААТ ЖЕНКИ И ЗОШТО МОЕТО СТЕРИЛИЗИРАНО ЖЕНСКО КУЧЕ  СÈ УШТЕ ПРИВЛЕКУВА МАЖЈАЦИ?         



Со кастрацијата се намалува нивото на тестостерон, но нисокото ниво на тестостерон не ја отстранува  сексуалната желба. Тоа е затоа што циркулаторниот (хормонот кој е веќе пуштен во организмот) тестостерон кај младите кутриња предизвикува трајни промени во мозокот. Овие промени доведуваат до зголемено мокрење на површините, зголемено истражување на околината, парење.

Хормоните не се чистат од телата на кучиња веднаш по операцијата и тие се активни подолго време во организмот. Има случаи каде некои машки кучиња сè уште можат да импрегнираат женки, односно да ги оплодат помеѓу четири до шест недели откако биле кастрирани. Поради тоа, неопходно е да се раздвојат  машките од женски кучиња за таа временска рамка.

Желбата за парење кај стерилизираните женски кучиња е поизразена кога овариохистеректомијата е извршена кога се повозрасни. Самите јајчници може да бидат ектопични или „фино расфрлани“ во масното ткиво, па со отстранувањето  на едните функцијата ја преземаат другите. Со време атрофираат и тие. Во некои случаи, здравствената состојба може да предизвика вашето куче да мириса малку како куче во фаза на парење.

Кои медицински состојби го предизвикуваат ова? Можна инфекција на мочниот меур, инфекција на грлото на матката или вулвата или случај на вагинитис. Во некои случаи, аналните кеси може да бидат виновни. Сите овие услови понекогаш можат да направат женско куче да биде  привлечно за мажјаците. Причините сè уште не се  јасни.

За детално читање на овој текст, погледнете на 32 стр. во електронското издание на BETTY магазин (АВГУСТ 2020).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>