|
Проф. д-р Калина Гривчева Старделова
Гастроентерохепатолог
Клиника за гастроентерохепатологија
Клинички центар Скопје
Малку е познато дека дигестивниот тракт, освен основната улога во варење на хранливите материи, е место каде се наоѓаат 70 % од вкупниот број имунолошки клетки на организмот кои активно комуницираат меѓусебно и со цревната микробиота, одредувајќи начин на кој ќе се избориме со микроорганизмите и со другите патогени фактори.
Акутната дијареја е често пореметување и денес како тераписко решение најмногу се користат пробиотици, меѓутоа потребни се неколку дена нивна употреба пред очекуваниот ефект на лекување. Антибиотиците се лекови за кои често неоправдано посегнуваме, бидејќи акутната дијареја е најчесто од вирусно потекло. Лоперамид е добар лек, ама и многу опасен, бидејќи го намалува мотилитетот на цревата, па со тоа го забавува исфрлањето на патогените од организмот. Како погодно решение за терапија на дијареја се наметнуваат ентеросорбенсите.
Хидролизиран лигнин (Filtrum®) е моќен и ефикасен ентеросорбенс, бидејќи за себе ги врзува големиот број различни супстанции (ендо и егзотоксини, вируси, паразити, бактерии и нивните метаболити). Не ја оштетува слузницата на дигестивниот тракт, односно нема катарактичен ефект често присутен кај употребата на активниот јаглен, не е токсичен и во потполност се екскретира од организмот по пат на фецес за 24 часа. Во голем број случаи доаѓа до брзо и потполно запирање на дијарејата, без оглед на причинителот. Поради својата ефикасност може да се користи и во детоксикација од алкохол.
Комбинацијата од хидролизиран лигнин и лактулоза (Salapon®) е погодна за терапија на атопичен дерматитис и гастроинтестинални пореметувања.
Лактулозата е природно влакно, пребиотик, кое ги храни бифидо и лактобацилус, инаку вообичаени и посакувани бактерии во нашиот дигестивен тракт. Исто така, индиректно го модулира имунолошкиот одговор и ја намалува можноста за настанување алергиски реакции. Поради тоа, комбинацијата од хидролизиран лигнин и лактулоза може да ги подобри симптомите на:
- Интестинална дисбиоза: чувство на „лошо варење“ на храната, неуредно празнење на цревата, чувство на подуеност и тежина во стомакот, синдром на иритабилно црево, диспепсија.
- Атопичен дерматитис, алергија на храна и генерално склоност кон алергии.
- Може да се користи и во детоксикација на организмот, како и за подобрување на квалитетот на кожата.
Се препорачува употреба во континуитет 14-21 ден. Доколку е потребно, терапијата може да се повтори.
SALAPON® ја регулира цревната микрофлора и ги отстранува штетните супстанции од дигестивниот тракт
355 мг хидролизиран лигнин
120 мг лактулоза
- Во терапија на атопичен дерматитис
- Ја поправа интестиналната дисбиоза
- Детоксикација на организмот за 21 ден
- Го подобрува квалитетот на кожата
- Стимулира раст на бифидус и лактобацилус бактерии
- Го подобрува имунитетот
- Ублажува симптоми на болеста
- Потполно природен
FILTRUM® брзо ја отстранува дијарејата без оглед на причинителот
400 мг хидролизиран лигнин
- Дејствува на сите причинители на дијареја
- 1000 пати е поефикасен од активниот јаглен
- Дејствува локално (не се апсорбира)
- Не ја оштетува слузницата на ГИТ
- Безбеден – може да се користи кај деца
За детално читање на овој текст, погледнете на 25 стр. во електронското издание на BETTY магазин (АВГУСТ 2020).