Фармацевти
Контакт

<< Назад

Антибиотици – Кога Да, а кога Не

септември 2, 2020

|

Зорица Мартиноска Андонова
доктор на медицина
ПЗУ ПЕДИМЕДИКА - ШТИП

Што се антибиотици?

Антибиотиците се супстанции кои можат да ги убијат бактериите (бактерицидно дејство) или да го спречат нивниот раст (бактериостатско дејство). Може да бидат од природно потекло, или  добиени синтетски или полусинтетски.

Кога и како се употребуваат антибиотиците?

Тие се добар избор за лекување на бактериски инфекции, но не делуваат на вируси и габички. Важно е антибиотикот да се зема доволно долго, а не да се прекине со негово земање во моментот кога ќе се почувствувате подобро. Ако прерано го прекинете земањето антибиотик, преостанатите бактерии продолжуваат да се размножуваат и можат да развијат отпорност на антибиотикот.

Антибиотиците се ефикасни во лекувањето  на бактериските инфекции ако се земаат:

Најчесто антибиотиците се даваат 7-10 дена, во зависност од типот на причината која ја лекуваме.

 Кога реагираат антибиотиците, а кога не?

Пред да се одлучиме за антибиотик, најдобро е освен клиничката слика да направиме и лабораториски испитувања, кои ќе нè насочат дали се работи за вирус или бактерија. Идеално би било да се направат и микробиолошки испитувања и да се земат брисеви. Секако, треба да се почека 2-3 дена и да не се брза веднаш да се даде терапија. Со тие испитувања освен што ќе ја докажеме бактеријата, ќе видиме и каква е нејзината чувствителност на антибиотиците, на кој антибиотик реагира а на кој не реагира, па ќе можеме да дадеме и најсоодветна терапија. Во случаи кога клиничката слика заедно со основната крвна слика со сигурност ни укажуваат дека е бактериска инфекција, тогаш нема потреба од дополнителни лабораториски и микробиолошки испитувања.

Антибиотиците не реагираат на вирусни инфекции!



Отпорност на бактериите кон антибиотици

Бактериите во човечкиот организам може да создадат отпорност или резистенција кон антибиотикот. Најчесто таа отпорност се создава поради пречесто, нередовно земање на антибиотикот и во случаи кога не треба. Резистенција може да се направи и на друг начин, ако антибиотикот се зема во несоодветни (многу мали) дози, ако се зема пократко отколку што треба, или во несоодветни временски интервали. Антибиотик не се зема само 2-3 дена, па откако состојбата ќе се подобри да се прекине. На тој начин само се прикрива инфекцијата, не се уништуваат бактериите и потоа повторно предизвикуваат нова инфекција. Овој пат таа инфекција ќе биде отпорна на антибиотикот кој претходно не е земен соодветно.

Со тек на времето, бактериите можат да станат отпорни на повеќе видови  антибиотици, па така постојат и суперотпорни бактерии на скоро сите антибиотици. Последиците од таа појава се пораст на стапката на заболувања, зголемена смртност од некои инфективни заболувања и зголемување на трошоците за лекување. Поради таа појава се употребуваат нови и поскапи антибиотици, со чија неправилна употреба одново бактериите стануваат отпорни на нив. Модерната медицина се обидува да ја добие војната против инфекциите.

Не можеме во потполност да го спречиме развојот на отпорни бактерии, но можеме да го забавиме со правилна употреба на антибиотици,  што би значело само по препорака на лекар.

Препорака

Здравиот организам е способен да се избори против голем број инфекции и без антибиотици, и со тоа да стане уште појак. Силниот имунитет е важен за да се одбрани организмот од инфекции, а тој се зајакнува и се одржува со здрава храна, физичка активност и здрав начин на живеење. Затоа редовно:

→ Мијте ги рацете темелно;

→ Темелно мијте го овошјето и зеленчукот пред употреба;

→ Јадете доволно термички обработено месо/месни производи.

За детално читање на овој текст, погледнете на 6-7 стр. во електронското издание на BETTY магазин (СЕПТЕМВРИ 2020).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>