Фармацевти
Контакт

<< Назад

Што е ботокс?

септември 2, 2020

|

д-р Коста Цветковиќ
спец. по дерматовенерологија



Ботоксот е природен протеин создаден од бактеријата C. botulinum кој иницијално нашол примена во медицината при третманот на интерни болести од неврогена природа. Како блокатор на нервниот импулс од мозокот до таргет мускулното ткиво, набрзо се увидело дека тој може да биде многу ефикасен и во третманот на брчки кои се јавуваат на лицето и вратот. Неговата функција е да ги релаксира мускулите на лицето, а со тоа да ги намали или исчезне брчките кои се јавуваат поради движењето (мимика) на тие мускули.

Третманот е едноставен и брз, а ефектите се видливи веќе 7 дена по апликацијата. Минимално инвазивна метода која не бара посебни услови ниту пак пост-третманска нега, а ефектите од таа метода траат со месеци. Процедурата вклучува лесно боцкање во нежните мускулни снопови на лицето и аплицирање на многу мали дози од растворот на ботокс при што како најлош несакан ефект би било мала модрица поради индивидуалноста во анатомијата на секој човек.



Индикациите веќе ги споменавме, но освен брчките ботоксот е незаменлив и во третманот на прекумерното потење под пазуви, на дланки и стапала. Исто така ботоксот е одличен и во третманот на мигрена каде преку апликација во мускулите од черепот се намалуваат во целост болките и непријатностите.

Контраиндикации за третманот би биле сите локални процеси кои се присутни на местото на инјектирање (инфекции, малигнитети и сл.). Освен тоа тој е потполно безбеден па дури нема влијание и при бременост. Методата е пожелно да се повтори по неколку месеци (4-6 месеци) поради транзиторноста на ефектите од ботоксот.

За детално читање на овој текст, погледнете на 27 стр. во електронското издание на BETTY магазин (СЕПТЕМВРИ 2020).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>