Фармацевти
Контакт

<< Назад

Здрави грицки, здрава навика

октомври 1, 2020

|

Бранко Попоски
Блогер за храна



Доколку имаме намера, односно сакаме фокусот да го ставиме на здрава храна, храна која не содржи високо ниво на маснотии, сол, шеќери, тогаш грицките и сета препроцесирана храна не треба да ја има на нашето мени или, пак, треба да ја редуцираме, односно да биде застапена во ретки исклучоци. Дистанцирањето од овие меѓуоброци ќе ни помогне во намерата да слабееме, односно да одржуваме нормална телесна тежина.

Најчесто ужините во текот на денот, грицкањето додека гледаме серија, филм или спортски натпревар не мора да бидат нездрава навика која ќе нè дебелее и ќе биде причинител на дополнителни здравствени проблеми, како што се зголемување на нивото на шеќер во крвта, маснотии, триглицериди. Затоа, во продолжение на овој текст ќе ви откријам неколку здрави рецепти за приготвување  таканаречени „здрави грицки“ кои ќе бидат ваша здрава навика. Овие грицки ќе го намалат чувството на глад, ќе нè држат сити и индиректно ќе ни помогнат при процесот на слабеење. Овие здрави грицки во својот состав содржат компоненти кои покрај тоа што се добри за слабеење, односно за одржување телесна тежина, помагаат и во јакнење на имунитетот и виталноста на телото.

Во составот на овие „здрави грицки“ најчесто се содржани продукти од полнозрнести житни растенија , богати со растителни влакна, здрави маснотии и шеќери и комбинација од свежи овошја.

 

Интегрални стапчиња со ким и ленено семе

Потребни состојки:



Начин на подготовка:

Во длабок сад се ставаат  сите состојки, освен белиот и црн сусам. Промешуваме убаво со дрвена лажица. Кога ќе ги измешаме сите состојки, со чисти раце почнуваме да замесуваме меко тесто. Доколку при подготовката тестото е лепливо, додаваме брашно по потреба, сè додека не се создаде хомогена смеса.

Откако ќе го замесиме тестото, оставаме да отстои околу 30 минути, а потоа формираме стапчиња. Во плех, претходно обложен со хартија за печење, ги редиме стапчињата од тесто, и  ги посипуваме со бел и црн сусам.

Ги печеме 20 минути, во претходно загреана рерна на 180 степени.

Дополнително, врз интегралните стапчиња може да додадете и семки од тиква или сончоглед, свеж рузмарин и морска сол.

 

Гранола бар со аронија и бадем

Потребни состојки:



Начин на подготовка:

Урмите ги оставаме да отстојат 8 часа во ладна вода за да омекнат, со тоа што ја вадиме коската од нив, или, пак, околу 5-10 минути во врела вода. Потоа, во блендер ги ставаме   урмите и водата во која стоеле и блендираме сè додека не се направи пире.



Пирето го ставаме во сад на оган, го додаваме путерот од јатки и кокосовото масло и мешаме сè додека смесата не се хомогенизира.

Во друг сад ги ставаме  овесните снегулки, лупениот сончоглед, лененото семе, пола свежа аронија, цимет и пола од бадемите пресечени на половина. Целата оваа смеса ја мешаме во претходно приготвената смеса. За да не се залепат состојките на рацете, се препорачува да се меша со дрвена лажица. Откако ќе ја измешаме целата смеса, ја ставаме  во плех обложен со хартија, добро ја притискаме и ја рамниме од сите страни, да нема воздух.

Остатокот од бадемите и свежата аронија ги ставаме  врз вака подготвената смеса која ја  оставаме да отстои во фрижидер околу 1-2 часа.

Уживајте во здравите вкусови на овие два рецепта. Комбинирајте ги со свежо исцеден сок од портокал и лимон или леден чај од брусница и свежи листови нане.

За детално читање на овој текст, погледнете на 14-15 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ОКТОМВРИ 2020).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>