Фармацевти
Контакт

<< Назад

Нова тераписка можност како подршка во лекувањето на анемија од различен причинител

октомври 1, 2020

|

д-р Ирена Евтимовска Рогач
Субспецијалист гастроентерохепатолог, ГОБ „8-ми Септември“



Железото е хемиски елемент неопходен за околу 200 биохемиски реакции во човековото тело и е важен фактор во процесите на производство на енергија, транспорт на кислород, адекватно функционирање на имунолошкиот систем, производство на хормони, неуротрансмитери и ДНК. Така да, општата здравствена состојба многу зависи од количината на железото кое го внесуваме. Но сепак, недостатокот на железо е една од најчестите нутритивни дефициенции. Лицата како деца, постари лица, жени во репродуктивен период, бремени жени, спортисти, лица со заболувања на органите за варење и други хронични болести, како и лица кои хронично земаат лекови кои влијаат на метаболизмот на железото, имаат и дополнителни, зголемени потреби за железо. Во овој, но и во многу други случаи, многу е тешко да се надополнат залихите и да се одржи адекватно ниво на железо по пат на исхрана. Од оваа причина многу често се препорачува надополнување на железо со суплементи.

Денес се познати голем број на различни облици на суплементи чија основна состојка е железото, кое се наоѓа во облик на соли фумарати, сулфати и бисглицинати. Тие соли допринесуваат за стабилноста на препаратот и подобра биоискористливост. Покрај постоечките формулации на суплементи на железо во облик на фумарати и сулфати, во се поголема употреба е и железо-бисглицинат.

Бројни меѓународни студии покажале дека железо-бисглицинат покажува супериорност во најголем број на особини кои јa дефинираат ефикасноста на суплементите на железо. Во споредба со формулациите во облик на фумарати и сулфати, железо-бисглицинат се апсорбира во дигестивниот тракт 2-4 пати поефикасно. Така да, додека биоискористливоста на формулацијата на железо во облик на фумарат и сулфат е 27-28%, кај железо-бисглицинат е неспоредливо поголема – околу 90%. Една од најважните причини поради која биоискористливоста на железо-бисглицинат е висока, е неговата способност да се врзе за две молекули на аминокиселината глицин. Тоа овозможува стабилност во дигестивниот систем, го спречува неговото разградување и ја намалува можноста да реагира со другите супстанци од храната, посебно со оние кои ја спречуваат апсорпцијата на железо, како полифеноли, фитати и танини (како што е случај со фумарати или сулфати). Ова му овозможува на железо-бисглицинатот да одржи висока растворливост како во кисели, така и во базни средини во дигестивниот тракт.

Поради тоа, железо-фумарат и железо-сулфат многу често можат да предизвикаат несакани ефекти како мачнина, запек, дијареа, подуеност и појава на црна столица. Од друга страна, една од несомнено голема предност на железо-бисглицинат е неговиот недвосмислен помал оксидативен ефект на слузницата на желудникот и горните партии на дигестивниот тракт. Ова е исклучително важен факт кој укажува на значително помала појава на несакани ефекти на железо-бисглицинат во споредба со железо-фумарат и железо-сулфат. Дополнително, после ресорпцијата на железо-бисглицинат, истото се разградува, железото веднаш се ослободува и користи за надополнување на залихите, додека глицинот се користи во биосинтезата на нуклеински киселини и протеини во клетките.

Искуствата на пациентите кои користеле препарат на железо-бисглицинат, New Iron, го покажуваат фактот дека до надополнување на депото на железо доаѓа во рок од три месеци, додека за шест месеци се нормализира вредноста на железото во крвта. Покрај тоа, самата капсула на препаратот New Iron содржи и други важни елементи како фолна киселина и витамин Б12 кои се незаменливи фактори во процесот на синтеза на клетките, како и витамин Ц коj е еден од најважните фактори неопходни за раст и развој, зараснување на рани, синтеза на колаген, апсорпција на железо, работа на имунолошкиот систем и одржување на физиолошката состојба на коските,’ рскавицата и забите.

Како кај лицата на кои им е потребно надополнување на железото по пат на суплементи, така и кај потполно здравите лица, железо-бисглицинатот во овој момент е адекватна опција, бидејќи со скоро потполно исклучување на можноста за настанување несакани ефекти, дава оптимална апсорпција и складирање, како и брзо и поефикасно подобрување и одржување на нивото на хемоглобин во споредба со до сега конвенционално користени формулации на железо.

NEW IRON - Иновативна комплетна формулација за третман на анемија од различен причинител

Без чувство на мачнина и други несакани ефекти

Само железо не е доволно!

За правилна еритропоеза неопходни се и други микронутриенти.

 

 

За детално читање на овој текст, погледнете на 22 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ОКТОМВРИ 2020).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>