Фармацевти
Контакт

<< Назад

Дијабетес

ноември 1, 2020

|

Димче Велев
претседател на СЗДМ



14 ноември – Светскиот ден на дијабетесот на препорака на IDF – Меѓународната федерација за дијабетес, е посветен на медицинските сестри – дијабетолошки, или медицинските сестри од центрите (амбуланти) за дијабетес. Сојузот на здруженија на дијабетичари, заедно со сите свои 25 членки во 23 општини во Република Северна Македонија, ќе се посвети на акции и активности за издигнување на улогата на една од најважните алки за секој од нас лицата со дијабетес.

СЗДСМ е сојуз на граѓански организации чија мисија е подобрување на квалитетот на животот на лицата со дијабетес преку залагање за поквалитетен здравствен сервис, едукација на нивните семејства и подигање на свеста кај граѓаните за дијабетесот, е во соработка со сите стратешки партнери и надлежни институции во Македонија. СЗДСМ посветено работи за остварување на своите стратешки цели за подигнување на свеста кај граѓаните за дијабетесот и унапредување на едукацијата, мотивацијата и превенцијата од дијабетес.

 Зошто медицинските сестри ја прават разликата кај дијабетичарите? Што сакаат да кажат со реченицава?

Колку повеќе бројката на лицата со дијабетес се зголемува, улогата на медицинските сестри и сите други здравствени работници, станува сè повеќе важна во менаџирање на високото влијание врз состојбата. Медицинските сестри играат клучна улога во препознавање и дијагностицирање многу порано од вообичаено. Тие овозможуваат тренинг за личен менаџмент и психолошка поддршка, со цел да се превенираат дополнителни компликации, да се совладуваат ризик-факторите кај тип 2 дијабетесот, да се превенира состојбата.

Останува особена потребата за повеќе едукација и финансирање на регрутирање медицински сестри. Да се овозможи поддршката која им е потребна на   лицата со дијабетес и тие што имаат ризик да добијат тип 2 дијабетес, од страна на лицата со дијабетес.

СЗДСМ ја повикува Владата на РСМ да се препознае и да се унапреди улогата на медицинските сестри за грижата за дијабетес, да се посвети внимание и да се овозможи дејствие врз следните области: осигурување  квалитет на едукацијата за грижа за лицата со дијабетес, вклучување  доволен тренинг за дијагностицирање и грижа за дијабетес, инвестирање во специјалноста за грижа за дијабетес, да се  приоритизира и  да се унапреди едукацијата за дијабетес, низ кариерен развој на медицинската сестра и нејзина професионалнизација. Зголемување на вложувањето на медицинските сестри во овозможување  првенција и примарна грижа за лицата со дијабетес. Вклучување на медицинските сестри во општеството.и оваа реченица е чудна?

Затоа сите 25 здруженија во сопствените локални средини ќе организираат настани, во согласност со протоколите за Ковид-19, на кои ќе се потенцира улогата на медицинските сестри. СЗДМ планира еден настан на кој, во присуство на активни во работата, но и оние кои до неодамна се грижеле за лицата со дијабетес,  ќе споделиме искуства и ќе дебатираме за нивните препораки до нас пациентите.

За детално читање на овој текст, погледнете на 4 стр. во електронското издание на BETTY магазин (НОЕМВРИ 2020).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>