Фармацевти
Контакт

<< Назад

Бенигна хиперплазија на простатата – БПХ – Симптоми, дијагноза и

ноември 1, 2020

|

Д-р спец. по урологија Ивица Стојановски
Д-р спец. по урологија Ивица Лазар Илиевски
ГОБ 8ми Септември



Симптоми на долниот уринарен тракт (СДУТ) е термин што се користи за да се опишат низа симптоми кои влијаат на контролата и квалитетот на мокрењето. СДУТ можат да се јават и кај мажите и кај жените, иако тие се  вообичаени  кај мажите и   се поизразени со  стареењето. Се проценува дека повеќе од 50 % од мажите над 50 години страдаат од симптоми на долен уринарен тракт.

Кај  мажите  најчеста  причина за СДУТ  е  бенигното  простатичнo  зголемување (БПЕ), кое го опструира  празнењето  на  мочниот  меур.  БПЕ  се  јавува  кога  бројот  на

простатичните  клетки  се  зголемува, состојба  наречена  бенигна простатична

хиперплазија (БПХ). Други состојби   кои    можат  да  предизвикаат  СДУТ  вклучуваат

мускулна     слабоста  на  детрузор  или  хиперактивност на детрузор, воспаление  на  простатата  (простатитис),  инфекции  на  уринарниот  тракт, карцином на  простатата  и  невролошки  болести.

Инциденцата на БПХ се зголемува со возраста. Вообичаено е да се каже дека „сите мажи ќе добијат бенигна хиперплазија на простатата ако живеат доволно долго“. Одреден степен на БПХ е присутен кај 80 % од мажите над 40 години, а овој број се зголемува на 95 % од мажите над 80 години. Сè уште нема задоволително објаснување за појавата на БПХ. Машките хормони може да играат улога, но никој не знае дали стимулираат хиперплазија или само обезбедуваат поволно опкружување за нејзиниот развој.

Помалку од половина од сите мажи со БПХ  имаат симптоми кои вклучуваат:

Дијагнозата на БПХ се поставува врз база на одреден алгоритам кој опфаќа:

Се  заснова на анкетирање со прашалник подготвен од АУА/ЕАУ.

Рутинските тестови на крвта се корисни како дел од основната процена, особено ако постои клиничко сомневање за бубрежно оштетување или инфекција.

Третман

Третманот на БПХ може да се подели во три групи:

АЛФА-1-БЛОКАТОРИ: Денешната терапија за бенигна хиперплазија на простатата вклучува употреба на алфа-1-блокатор: тамсулозин. Овие лекови може да се користат за лекување  бенигна хиперплазија на простатата, бидејќи  ги релаксираат мускулите на вратот на мочниот меур и го олеснуваат мокрењето.

Инхибитори на 5алфа редуктазата: Дутастерид/Финастерид Овој лек го намалува нивото на хормонот во простатата и со тоа ја намалува нејзината големина. Ја зголемува стапката на проток на урина и на тој начин ги намалува симптомите на бенигна хиперплазија на простатата. Понекогаш се потребни шест месеци за да се постигне големо подобрување. Сепак, можните несакани ефекти поврзани со употреба на овие лекови вклучуваат намален сексуален нагон, импотенција и гинекомастија.

5 Фосфодиестераза инхибитори

ОПЕРАТИВЕН ТРЕТМАН Хирургијата обично е индицирана кај мажи со симптоми на инконтиненција, крв во урина, задржување  урина и рекурентни инфекции на уринарниот тракт. Изборот на специфична операција обично зависи од сериозноста на симптомите и големината и формата на жлездата на простатата. Хируршкиот третман вклучува:

За детално читање на овој текст, погледнете на 5-6 стр. во електронското издание на BETTY магазин (НОЕМВРИ 2020).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>