|
Д-р Борислав Калковалиев
Ортопед
ГОБ 8ми Септември
Комплетна формула за здрави и подвижни зглобови
Преку грижата за нашите зглобови обезбедуваме лесен чекор додека сме млади, но и во подоцнежните години. Постојат различни причини за заболување на зглобовите. При ортопедскиот преглед пациентите грубо може да се поделат во две групи: повреди – акутни состојби и артроза – дегенеративни оштетувања на зглобовите.
Додека сме млади мислиме дека нашите зглобови се здрави и не им обрнуваме внимание, но ако не почнеме да се грижиме и да се чуваме со време ќе се појават проблеми, како ревматски тегоби, остеоартритис или артроза на зглобовите. Вкоренето е мислењето дека повредите се резервирани за помладата и поактивната популација, додека артрозата ја погодува постара група на пациенти. Меѓутоа, кај ортопед сè повеќе бараат помош пациенти во триесеттите години со многу сериозно оштетување на зглобовите.
Хроничното воспаление на зглобовите е причина за иреверзибилни (трајни) оштетувања на ʼрскавицата на зглобот и коските. Можат да бидат зафатени кои било делови на телото, најчесто зглобовите на рацете, колената и ʼрбетот, и со тек на време симптомите се посилни и поинтензивни. Овие тегоби се составен дел на стареењето, но во ризичните групи спаѓаат и лица изложени на тежок физички напор, како што е случај кај спортисти и рекреативци и лица со прекумерна телесна тежина, која не смее да се занемари како важен ризик-фактор.
Континуираниот третман на зглобовите, како надворешно така и внатрешно, придонесува за здрави и подвижни зглобови. Стабифлех кремот и таблетите имаат одличен состав на природни состојки:
- Глукозамин (аминошеќер) примарно се наоѓа во ʼрскавицата на зглобовите и игра клучна улога во нивната изградба. Сепак, уште во средната возраст организмот почнува да не го произведува повеќе глукозаминот.
- Хондроитин претставува составен дел од ʼрскавичното ткиво кое спаѓа во групата на протеоглукани. Му дава еластичност на ʼрскавичното ткиво и ја штити ʼрскавицата и лигаментите од повреди. Помага во спречување на разградувањето на ʼрскавицата и ја подобрува подвижноста на засегнатите зглобови.
- MSM е компонента на органски сулфур кој учествува во создавањето колаген како основен протеински составен елемент на зглобната ʼрскавица.
- Екстракт од ѓумбир е природна компонента која влијае противвоспалително и ги намалува болките и отоците.
Придобивките од користење на Стабифлех таблетите вклучуваат ефективно влијаење на воспалението и болката на засегнатиот зглоб, како во мирување така и при движење, го потпомага движењето на засегнатиот зглоб, ја намалува здрвеноста. Придобивките од Стабифлех кремот се зајакнување на зглобовите поради иновативниот комплекс на формулата, тонизирање поради природните етерични масла: лаванда, ментол и камфор, загревање и релаксирање поради ментолот и камфор и интензивно хидрирање поради хијалуронската киселина.
Повеќе информации за Стабифлех кремот и таблетите можете да прочитате на www.kendy.mk
За детално читање на овој текст, погледнете на 22 стр. во електронското издание на BETTY магазин (НОЕМВРИ 2020).