Фармацевти
Контакт

<< Назад

Од игра до учење – Играта е активност низ која секогаш нешто се учи

ноември 1, 2020

|

Кети Темелковски
Наставник во ОУ Кузман Јосифовски Питу, Скопје



Активностите за учење преку игра можат да им помогнат на децата да продолжат со учење дома. Оваа листа на активности нуди можност за игра, учење, креативно изразување  и најважно од сè, убаво и квалитетно поминато време  меѓу вас и вашите деца. На децата треба да им се обезбеди средина за учење што нуди најразлични доживувања, со што ќе им се помогне да се развијат социјално, интелектуално, физички и емоционално, соодветно на нивната возраст и степен на развој.

Играчот А зема жетони, ги брои и му кажува на играчот Б колку жетони има. Играчот Б наведува колку правоаголни низи би можело да се состават. Доколку и двајцата се согласат дека играчот Б е во право, играчот Б добива поен. Запишете ги фактите за множењето.

Воведете прости броеви со дискутирање на броевите со кои може да  се состави низа со една линија и квадратни броеви правејќи квадрати.

Погледнете ги триаголните броеви со наведување модели:

Домино плочки

Домино плочките имаат голема примена во градењето на математичките поими. Игрите со домино плочки се одличен начин за децата да го евидентираат своето математичко размислување. Може да се користат ефикасно од страна на малите деца кои само што почнале да ги забележуваат своите математички вештини (броење точки, подредување по големина, одредување поголемо помало од) ... сè до постарите деца на кои им е потребен пресметковен метод за покомплексна математика.

Активности

Играјте ја традиционалната игра со поврзување  домино плочки  крај со крај.

Соберете ги точките на секоја домино плочка. Што забележувате?

Формирање различни збирови на точки со броење нанапред и комбинирање на две  количини.

Развој на фината моторика

Вештините за фина моторика ги вклучуваат малите мускули во телото. Кога зборуваме за фината моторика се мисли за мускулите на рацете и прстите кои се користат во процесот на пишување.

Овие мали мускули треба да се развијат, бидејќи се потребни за извршување на понатамошни задачи како што се: пишување, фаќање  мали премети, закопчување  облека... итн.

Преку разни манипулативни и забавни активности ние секојдневно им помагаме на нашите деца да ги зајакнат овие мускули.

Еве неколку примери на активности кои можат да се применат во домашни услови и кои ќе помогнат за развој на фината моторика:

Начин на изведување на вежбата: отворање и затворање  различни видови  капачиња.


  1. Нижење перли или макарони на врвка од патики или коноп.

  2. Кинење и туткање хартија.

  3. Сечкање хартија или картон со помош на ножички.

  4. Моделирање топчиња со пластелин користејќи ги врвовите на прстите.



Преку следните вежби децата ќе можат да ја вежбаат визуелната и тактилна перцепција, а воедно и да ја развиваат способноста за класификација.

Поголем дел од материјалите кои ќе ви бидат презентирани ќе можете да ги изработите и  да ги приспособите и во домашни услови.

Во продолжение следуваат вежбите:

Почекајте детето да ги именува боите, доколку не ги именува, дадете минимална поддршка (на пример: Која боја е коцката... црвена... потоа очекувајте детето да го повтори истото и да продолжите на следната коцка  да ја именува по боја).

 



Вежби за внимание и концентрација со 2Д форми

Начин на работа: Детето треба да го најде патот на рибата до водата преку следење геометриски форми. Детето може најпрво да ги обои круговите кои водат до барата, а потоа и да ги поврзе или само да ги поврзе. Исто така, на крај може да се именуваат или да се посочуваат геометриските форми.



Начин на работа: Детето треба да го најде патот на пчелата до медот преку следење на геометриските форми. Детето може најпрво да ги обои квадратите кои водат до медот, а потоа и да ги поврзе. Исто така, на крај може да се именуваат или да се посочуваат геометриските форми.



За детално читање на овој текст, погледнете на 24-25 стр. во електронското издание на BETTY магазин (НОЕМВРИ 2020).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>