Фармацевти
Контакт

<< Назад

Хемиски пилинг

ноември 1, 2020

|

д-р Симона Поповска
специјализант по дерматовенерологија



Хемискиот пилинг е еден од најефикасните третмани на модерната естетска медицина кој природно ја обновува кожата, решава проблеми со кожата, но и ја подмладува. Поради неговите придобивки, интересот е сè поголем и во нашата земја, како и во естетските клиники низ цел свет.

Многумина од вас нè прашуваат дали механичкиот пилинг, редовното чистење наутро и навечер и правилниот избор на креми и серуми се доволни за да ја направите кожата сјајна и мазна. Дејството на кремите и серумите се одвива само на површината на кожата. Најстарите клетки  на кожата се на површинскиот слој и го формираат таканаречениот „мртов“ слој на кожата кој и спречува навлегување на активните супстанции во подлабоките слоеви на кожата. Што значи дека иако содржат активни супстанции вашите креми и серуми не можат да стигнат до подлабоките слоеви на кожата, каде што овие супстанции се најпотребни.

Како дејствува хемискиот пилинг?

Хемискиот пилинг вклучува забрзана ексфолијација на кожата, која е предизвикана од хемиски агенси што се нанесуваат на кожата. Оваа постапка има двојна функција, па покрај отстранувањето на површинските слоеви на кожата, овие агенси доведуваат до интензивно ослободување  цитокини, фактори на раст и синтеза на колаген, што интензивно ја подмладува кожата. Хемискиот пилинг покажува одлични резултати кога сакаме да направиме освежување на самата кожа, да ја подмладиме, но и кога сакаме да решиме проблеми како акни на проблематична кожа, хиперпигментација, лузни од акни, затнати пори, како и да ги намалиме бактериите кои ги предизвикуваат акните. Што значи дека хемискиот пилинг е доста моќно средство кое ефикасно ги решава проблемите на кожата.

Преглед па третман!

Како и повеќето третмани и процедури што се прават во нашата ординација, хемискиот пилинг започува со дерматолошки преглед, каде што лекар специјалист го утврдува проблемот на кожата,  како и нејзиниот квалитет. Врз основа на самиот преглед, дерматологот одлучува кои киселини и во какви концентрации ќе се користат. Важно е да се напомене дека оваа постапка е безболна и може да има краткорочно согорување на кожата што е минливо и не е непријатно за пациентите. Во следните денови по третманот може да се појави лупење на кожата, што е сосема нормално, бидејќи кожата се регенерира и што е особено важно да се користи висок заштитен фактор во форма на крем без оглед на сезоната. Секако, важно е и да ги примените советите кои ќе ви ги даде вашиот дерматолог.

Кои видови на хемиски пилинг постојат?

Постојат неколку вида на хемиски пилинг во зависност од проблемот што го третираме. Обично се делат на површински, средни и длабоки. Колку е подлабок  пилингот, толку подолго е времето на опоравување, и ефектите се доста посилни.

  1. Хемиски пилинг со овошни киселини

  2. Хемиски пилинг на трихлороцетна киселина (ТСА)

  3. Пилинг со фенол


Кои се ефектите по хемискиот пилинг?

За детално читање на овој текст, погледнете на 32 стр. во електронското издание на BETTY магазин (НОЕМВРИ 2020).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>