Фармацевти
Контакт

<< Назад

Како до подобар имунитет кај децата?

декември 1, 2020

|

Зорица Мартиноска Андонова
Доктор по медицина
ПЗУ ЦИТУС - ШТИП



Што е имунитет?

Имунитет претставува отпорност на организмот кон одредено заболување, поточно кон причинителот на тоа заболување. Човекот секојдневно доаѓа во контакт со патогени и непатогени микроорганизми, и благодарение на имунитетот е заштитен од нив. Наследните фактори и начинот на живот (во каква средина живееме, дали сме или не сме подложни на стрес, храната и течностите кои ги внесуваме) во голема мера утврдуваат колку ќе биде силен нашиот имунолошки систем. Нарушувањата на имунитетот се основа на многу болести.

Имунитетот може да биде:

  1. Вроден – кој се добива со самото раѓање

  2. Стекнат – кој може да биде пасивен или активен според начинот на кој е добиен. Активниот се дели на природен, кој се добива како резултат на прележување  некоја инфективна  болест (на пр., сипаници) и вештачки, кој се добива после вакцинација. Пасивниот имунитет, исто така, се дели на природен, кој новороденчето го добива преку мајчиното млеко и вештачки, кој се добива со внесување  имуноглобулини во организмот.


Кои се симптомите на намален имунитет?

Најчестите симптоми за намален имунитет кај децата се:

Од голема важност е родителите да имаат соодветно познавање на овие симптоми кои укажуваат на намален имунитет кај децата, за навремена дијагноза и соодветен третман.

Како до подобар имунитет кај децата?

Постојат неколку потврдени совети кои треба да ги примени секој родител за подобар имунитет на детето. Прво, децата не треба да бидат изложени на стресни ситуации – тие треба да уживаат и да играат. Инаку, во нивните тела, исто како и кај возрасните, се лачи хормон на стрес кој го ослабнува имунолошкиот систем.

Покрај тоа, имаме уште неколку дополнителни упатства за вас.

Витамини и минерали

Витаминот Д има две многу важни улоги – антинфламаторна и имунорегулаторна. Поради тоа е многу важен за функционирањето на имунолошкиот систем, бидејќи со своето дејство тој го заштитува телото од инфекции, поттикнувајќи ги на одбрана белите крвни зрнца. Недостигот од витамин Д може да се поврзе со зголемен ризик за настанување   респираторни инфекции, па поради тоа е многу важен за правилна работа на имунолошкиот систем и заштита од болести.

Цинкот е минерал кој има многу важна имунолошка функција. Како моќен антиоксидант, цинкот ги заштитува клетките и оневозможува нивно оштетување. Зајакнувајќи го имунолошкиот систем, цинкот има влијание врз работата на клетките кои се борат против инфекции. Освен тоа, тој влијае и на активирање на ензимите кои дејствуваат против патогените, така што ги разградува нивните протеини.

Витаминот Ц благодарејќи на своето антиоксидативно дејство, како и широката распространетост во хранливите намирници, на сите нас ни е добро познат. Тој го заштитува организмот од токсини, спречувајќи го оштетувањето на клетките и на тој начин спречува и настанување респираторни инфекции. Витаминот Ц е неопходен во периодот кога дополнително треба да се зајакне имунитетот, бидејќи учествува и во процесот на продукција на црвените крвни зрнца (еритроцити).

Витамини од Б-групата. Овие витамини ја сочинуваат групата од осум меѓусебно поврзани витамини кои природно се наоѓаат во растителни и животински извори. Бидејќи се хидросолубилни, односно се раствораат во вода, не можат да се акумулираат во организмот, па мора да се внесуваат секој ден.
Богати извори на Б-витамини се зелениот листест зеленчук, компирот, интегралните житни растенија, мешунките, оревите, црниот дроб и посното месо.

Пробиотиците се култури на ацидофилните бактерии кои се наоѓаат во интестиналниот тракт кај здравите луѓе. Пробиотиците се борат со штетните култури и го превенираат транспортот на патогени во телото. Исто така, му овозможуваат на гастроинтестиналниот тракт да го зголеми внесот на минерали, бидејќи намалениот внес го намалува имунитетот. Лактобактеријата е единствената природна одбрана од кандида и другите габични инфекции кои многу го намалуваат имунитетот. Активните ацидофилни култури ја забрзуваат елиминацијата на токсичните продукти кои настануваат при  варењето на храната и овозможуваат користење на неопходните нутритивни материи од храната.

Тие бактерии се есенцијални за добар имунитет.
Пробиотиците се препорачуваат при употреба на  антибиотици, дијареја (пролив) и констипација (запек), колики (грчеви), алергии на храна, интестинални вирусни инфекции и кандидијази.

Лични навики

За детално читање на овој текст, погледнете на 6-7 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ДЕКЕМВРИ 2020).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>