|
Дипломиран фармацевт
Цветанка Митанова
АПТЕКА МЕНТА ФАРМ ПРИЛЕП
Escherichia coli е грам негативна бактерија која е откриена уште во 1885 година и е една од најчестите причинители на инфекции на уринарниот систем. Главни симптоми кај оваа инфекција се покачена телесна температура, често мокрење проследено со болка и непријатност во долниот дел од стомакот и крв во урината.
Природно решение за уринарните инфекции предизвикани од
Escherichia coli е Д-манозата.
Д-манозата спаѓа во групата на едноставни шеќери и има состав сличен на глукозата, односно таа е изомер на глукозата. За разлика од глукозата, Д-манозата во организмот не се претвора во гликоген, и бидејќи таква во телото не може да биде присутна, брзо се излачува од организмот преку уринарниот тракт. Токму поради ова можат да ја користат и дијабетичари, меѓутоа треба да прават контрола на нивото на шеќер во крвта.
Како дејствува Д-манозата
Д-манозата дејствува на тој начин што се врзува за површинските рецептори на бактеријата
Escherichia coli, со што се спречува нејзиното врзување за ѕидот на мочниот меур. Како резултат на тоа, бактериите може да се исфрлат од уринарните патишта преку урината, а овој процес се забрзува со внес на големи количини течности. Спречувањето на врзувањето на бактеријата за површината на клеточниот ѕид го намалува ризикот од развој на симптоматски уринарни инфекции, бидејќи спречува колонизација на уринарниот тракт со бактерии и претставува еден од начините кои може да помогнат во превенција и ублажување на уринарни инфекции. Д-манозата има 10 пати појако дејство од брусницата. Особено се препорачува комбинација на антибиотик со Д-маноза, бидејќи дополнително го заштитуваме уринарниот тракт и на тој начин се спречува повторно воспаление.
За што се употребува Д-манозата
Д-манозата се употребува за третман на:
- инфекции на уринарниот тракт предизвикани од бактеријата Escherichia coli
- чести и повторувачки (рекурентни) уринарни инфекции кои се предизвикани од оваа бактерија
Како се употребува Д-манозата
За постигнување максимален ефект, со примена на граничниот производ треба да се почне веќе при појава на првите симптоми на инфекцијата. После 45-60 минути по земањето на Д-манозата треба да се земе поголема количина течност.
Производот може да го користат деца, бремени жени и доилки. Дијабетичарите може да ја користат Д-манозата со контрола на нивото на шеќер во крвта.
За детално читање на овој текст, погледнете на 24 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ДЕКЕМВРИ 2020).