Фармацевти
Контакт

<< Назад

Руска техника на обликување усни

декември 1, 2020

Д-р Мартин Мојсоски

|



Медицината, креативноста и уметноста одлучив да ги соединам и да ги доведам на едно повисоко ниво.

Себеси се сметам за лекар заљубен во уметноста, но и за уметник со огромна страст кон медицината.

Токму преку естетската медицина на моите пациенти можам да им пренесам дел од мојата уметност, да им подарам среќа, задоволство и насмевка!

Прекрасно е да се работи на начин на кој можеш да подариш среќа!

Работам со апликација на дермални филери и ботокс на целото лице:



Сите набројани третмани ги работам со специфична руска техника, многу поинаква од класичната „западна“ техника, која се применува на нашите простори.

Како омилен и најфреквентен третман на моите пациенти ќе го издвојам третманот за корекција, односно зголемување  усни.

Она што ги прави моите изработки поинакви е тоа што користам техника која лично ја развив и ја креирав врз основната руска техника за моделирање усни.

Техниката ја именував Еdge-verge lip technique. Претставува мој личен потпис, спој на повеќе техники и вештини на аплицирање на филерот, кој дава уникатност и препознатливост на усните кои ги изработувам.

Со Edge-verge lip technique се постигнува целосна реконструкција на „вертикалната анатомија“ на усните – се конструира и се моделира нова форма на усни.

Целта е да се постигне подигање и отворање на плоштината на горната усна, истакнување на врвовите, а, сепак, со рамен и плоснат изглед странично.



Филерот во долната усна се аплицира со цел да ја отвори усната кон надолу, а воедно да биде во симетрија и пропорција со горната усна.

Оваа техника дава најпосакувани резултати кај усни кои претходно немаат апликација на филер, но и кај усни со мала количина на филер.

Overfilled усни не се препорачливи за третман, без претходно разградување на филерот.

Комплетната рехабилитација на усните трае од 2 до 3 недели.

Најчесто, потребна количина за постигнување  посакуван и оптимален ефект на еден третман е 1 мл, но количината може да е варијабилна кај секој пациент.

Времетраењето на процедурата е  30-40 минути.

За детално читање на овој текст, погледнете на 30 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ДЕКЕМВРИ 2020).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>