Фармацевти
Контакт

<< Назад

Време е за нови навики! Совети за вашата коса и кожа од Дадар

декември 1, 2020

Александар Билјаноски - Дадар

|



Долгото туширање со жешка вода ги отстранува потребните маснотии кои се есенцијални за здрава кожа и здрав скалп! Затоа, кога ги миете косата и лицето и воопшто при туширање/бањање секогаш користете  млака вода. Исто така, во однос на купките и сапуните кои се користат, тие мора да бидат нежни (pH неутрални) поради истатата причина. Хидратантна крема за лице и млеко за тело  се препорачува да се аплицираат на влажна кожа. Кремата за лице никако не смее да се аплицира блиску до очите, бидејќи овде кожата е три пати потенка од кожата на лицето, па така често може да се појави иритација и солзење на очите. За пределот околу очи треба да се користи исклучиво крема која е наменета за таа регија.

На лицата  со сува кожа не им се препорачува да аплицираат масла на лице, туку хидратантна крема и серум со витамин Ц, серум со антиоксиданти. Најчесто сува кожа значи чувствителна  кожа или кожа со црвенило (розацеа) за што има специјални креми за нега на сува и/или иритирана кожа. За сува кожа, исто така, се препорачува нежен пилинг на лице за ексфолијација.

Сувата кожа е склона кон создавање рани брчки, па затоа треба навремено да се негува.

Крема со заштитен фактор се препорачува да се користи и летно, но и зимно време, бидејќи штетните УВ-зраци се присутни во текот на целата година.

Оние среќните со комбинирана кожа, освен што не се склони кон создавање брчки, исто така, имаат поотпорна кожа поради мастите кои ги лачи. Обично кај нив е проблематична Т-зоната и треба да користат тоник и, секако, хидратантна крема за комбинирана кожа.

Масната кожа може да биде проблематична исто колку и сувата, па затоа е потребна секојдневна нега! Луѓето со овој тип на кожа може да прават 2-3 пати неделно пилинг на кожа, задолжително да користат тоник кој ќе го отстрани вишокот себум (маснотии) и крема наменета за масна кожа,  која освен што ќе ја хидрира и храни кожата ќе го држи под контрола вишокот себум кој се лачи во поголеми количини.

Никогаш не легнувајте со шминка на лице! Шминката освен што ги држи затворени порите на кожата и таа  едноставно не може да дише,  може да доведе и до инфекција на очите и појава на мозолчиња и секогаш спијте на чиста перница.

Пиењето вода во текот на целиот ден е од големо значење за убава, здрава и сјајна кожа.

Мијте ја косата редовно 2-4 пати неделно. Ретчење или опаѓање на косата најчесто се појавува поради зголемено лачење себум/маснотии (масна кожа и скалп).

Користете шампони кои не содржат хемикалии и по миењето користете маска за потхранување на влакното.

Оставете косата да се суши природно и избегнувајте висока температура (фен и пегла за коса), а доколку мора да се исфенирате користете заштитен спреј кој ја штити косата.

Исто така, редовното потстрижување ќе помогне вашата коса да порасне во здрава и сјајна коса.

За детално читање на овој текст, погледнете на 31 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ДЕКЕМВРИ 2020).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>