Фармацевти
Контакт

<< Назад

4ти февруари – Светски ден на ракот

февруари 1, 2021

Биба Додева
Претседател на Здружението за борба
Против рак „Борка за секој нов ден“

|



Ако денес полека станува тренд  опаѓање на морталитетот на пациентите заболени од рак во развиените земји, се прашувам во која насока, ние, во Македонија ја водиме битката против ракот?

Да добиеш дијагноза дека имаш рак е најлошото сценарио што можеби би можеле да си го замислите. И воопшто не е лесно да продолжиш да живееш. Овие луѓе се принудени секојдневно да живеат со тој товар, и најголемата борба што ја водат е самите со себе, бидејќи никој не избира да има рак. Дури и оние кои ја преживеале болеста, таа ќе остане секој ден со нив до крајот на животот, бидејќи никогаш не се знае дали некогаш и кога ќе зачука пак на нашите врати.

Во согласност со заложбите на нашата земја за влегување во Европската Унија и за доближување до европските стандарди, се поставува прашањето: Дали македонските пациенти ги добиваат основните европски услови во здравствениот систем, истите тераписки можности како и пациентите во Европската Унија?

Кризата со КОВИД-19 која го погоди цел свет само ги покажа сите недостатоци што со години се таложат  во здравствениот систем без конкретни системски решенија. Овој пат имавме можност без розови очила, реално, да видиме со кои сè проблеми се соочуваат нашите пациенти, што е тоа што треба да го менуваме, но и да се редефинираат приоритетите за реформи.  Колку навистина беа и сè уште се ставени на чекање сите останати дијагнози и болести во време на пандемијава која ја погоди и нашата држава?  За импликациите врз инциденцата на ракот, морталитетот и преваленцата е рано да се зборува, но со овој проблем се соочуваат и сите останати развиени земји.

Превенцијата на ракот, скринингот и раната детекција се прилично занемарени дејства во повеќето од медитеранските земји што се граничат со чувствително оптоварување на здравствените трошоци и страдањата направени за лекување на напредната фаза на болеста. Поради стареењето на населението и промените во животната средина и начинот на живеење, инциденцата на рак и морталитетот стануваат глобална здравствена вонредна состојба.

Податоците на Светската здравствена организација јасно покажуваат како преживувањето на пациентите со рак, поради доцната дијагноза, е директно пропорционално со количините на ресурси наменети за превенција и рана дијагноза. Оној момент кога ќе станат приоритет за националните здравствени власти, тогаш и ќе биде возможно да ги видиме реалните промени во бројки на спасени животи.

Од моја гледна точка, мислам дека од оваа криза сите ние излеговме со големо искуство, поумни и со точно одредени насоки каде сме и каде треба да се движиме во иднина. Верувам дека доколку имаме политичка волја, капацитет и луѓе подготвени за реални акции, многу работи може да се променат, затоа што сите ние кои живееме, работиме, придонесуваме, твориме во оваа наша Македонија  плаќаме здравствено осигурување, имаме право на квалитетни здравствени услуги и здравствен систем во кој централно место ќе  има пациентот. Ако сакаме да имаме здрава држава, мора да имаме и здрава популација.

Зошто светскиот ден на ракот е толку важен?

По повод светскиот ден на ракот,  4 февруари, издвојуваме неколку интересни работи поврзани со него, што претставува и кои се целите. Светскиот ден на ракот е идеална можност да се рашири зборот и да се подигне свеста во умовите на луѓето за оваа опака болест.

Светскиот ден на ракот се одбележува секоја година на 4 февруари и е единствена иницијатива според која целиот свет може да се обедини заедно во борбата против глобалната епидемија на рак.

Светскиот ден на ракот е иницијатива на Унијата за меѓународна контрола на ракот (UICC), која има за цел да се помогне да се спасат милиони и да се спречат смртни случаи секоја година со зголемување на свеста и едукација за ракот и придобивање на влади и поединци од целиот свет да преземат акција против болеста. Најблаго кажано, глобалната епидемија на рак е огромна и има голем потенцијал да се зголемува.

Секоја година околу 8 милиони луѓе умираат од рак и овие смртни случаи можат да се избегнат со зголемена владина поддршка и финансирање за превенција, откривање и програми за третман. Освен ако итно не се преземат мерки за подигање на свеста за ракот и развивање практични стратегии за решавање на болеста, милиони луѓе ќе продолжат да умираат.

Значајно е тоа што бројот на случаи со рак и смртните случаи од него е проценето двојно да се зголеми во текот на следните 20-40 години. Со најголем пораст се земјите со низок и среден приход, оние што се најмалку опремени да се справат со социјалните и економските последици од болеста. Во тесна соработка со Алијансата за незаразни заболувања, Унијата за меѓународна контрола на ракот одигра клучна улога во обезбедувањето на целта на Светската здравствена организација (СЗО), а тоа е 25 % намалување на прерани смртни случаи од незаразните болести. Унијата за меѓународна контрола на ракот сака сите нејзини членови и партнери да ја поддржат во користењето на овој ден за да се охрабрат сите (поединци, заедници, граѓански општества и влади) да ја завршат својата улога во помагањето за намалување на глобалниот товар од ракот. Крајната цел е да се помогне во намалување на прераните смртни случаи од рак и други незаразни заболувања за 25 % до 2025 година.

Што е рак?

Во текот на животот во нашиот организам клетките контролирано се делат и се обновуваат.

На овој начин ткивата и органите на организмот растат, се развиваат и беспрекорно функционираат. Нормалниот метаболизам овозможува човечкиот организам нормално да функционира.

Присутните ензими го поддржуваат нормалниот метаболизам и на тој начин ја овозможуваат

оваа функција. Во основа метаболизмот го сочинуваат биохемиски процеси:

За одвивање на овие процеси се потребни ензими и кислород. Доколку дојде до пореметување на метаболизмот, доаѓа до неконтролирано размножување на ткивото, пореметување на неговата функција и формирање т.н. туморозна маса, односно неконтролирана делба (митоза) и појава на малигно заболување.

Дефиниција

Под поимот карцином или малигно заболување а во народот познат како рак се дефинира состојба во организмот во која имаме формирање туморозно ткиво кое настанува по пат на неконтролирана митоза (делба) на клетките. Процесот на делба на клетките е контролиран или овозможен од нормалниот метаболизам, односно потребната енергија и присуството на ензимите.

Во моментот кога организмот не може да ја контролира митозата настанува малигно заболување.

Причини за неконтролирана митоза има повеќе, меѓу кои се следните:

Ако сумираме, со право може да се каже дека мутацијата на клеточното јадро под дејство на неконтролраната митоза е основна причина за појава на малигно заболување.

Факторите кои доведуваат до неконтролираната митоза се наречени канцерогени материи, а во природата постојат од 200 до 500 такви материи.

Научниците изнесуваат своја теорија дека во човечкиот организам во секоја секунда умираат 10 милијарди клетки, а се формираат 300 милијарди нови клетки по пат на митоза. При ваква висока клеточна активност постои голема можност за малигна мутација на клетките под дејство на канцерогените материи.

Канцерогените материи се наречени и фактори на ризик, а најчести се навики во животот и начин на исхрана, возраст, наследни фактори и семејна предиспозиција, генетска предиспозиција, надворешна средина (загаден воздух, цигари, токсични испарувања, сончева светлина со УВ-зрачење, радиоактивно зрачење, бактерии и вируси, стрес и др.). Набројаните фактори се секогаш присутни, но никогаш не предизвикуваат заболување доколку имунолошкиот статус на организмот беспрекорно функционира. Набројаните фактори никогаш не предизвикуваат малигно заболување ако дејствуваат поединечно, туку болеста е резултат на дејство на повеќе фактори истовремено.

Симптоми

Во почетниот стадиум на развојот на малигното заболување постои таканаречена асиптоматска болест. Со растење на туморозното ткиво доаѓа до појава на првите симптоми кога ткивото почнува да врши притисок на соседните органи, поради што подоцна се јавуваат и одредени симптоми во однос на тоа кој орган е зафатен. Американското здружение за борба против малигно заболување презентира неколку почетни симптоми преку зборот  Р И З И Ч Н О.

Покрај овие симптоми, болните од малигно заболување губат телесна маса, затоа што малигните клетки ги користат аминокиселините (протеини) од здравото ткиво со што се намалуваат килограмите на заболениот.

Класификација

Човековото тело е составено од многу видови  клетки. Овие клетки растат и се делат на контролиран начин со цел да се произведат нови клетки кои се потребни за да се зачува телото здраво. Кога клетките стануваат стари или оштетени тие умираат и се заменуваат со нови. Но, понекогаш овој процес е нарушен.1

Абнормална маса на ткиво (тумор) настанува кога клетките се делат повеќе отколку што треба или кога тие не умираат кога треба. Туморите можат да бидат бенигни (тоа не е рак) или малигни (рак).1

Рак (латински cancer) не е единствена болест, туку заеднички израз за повеќе болести. Постојат повеќе од 100 видови рак. Повеќето од нив името го добиле по органот или типот на клетки од кои настанале,  на пример, ракот кој почнува во дебелото црево се нарекува колоректален карцином; ракот кој почнува од меланоцитите во кожата се нарекува меланом; ракот кој почнува од базалните клетки на кожата се нарекува базоцелуларен карцином.1

Типовите рак можат да се групираат во повеќе категории.1

Главните категории се:

Туморозното ткиво во почетниот стадиум се развива асимптоматски и се јавува во две форми

Честопати туморот од бенигна природа според својата локација, големина и природа може да делува како и малиген тумор (мочен меур, шупливи органи и глава).

Во однос на ткивото на кое малигното заболување се јавува, постојат неколку форми:

Дијагностицирање

Во основа на дијагностицирањето е што побрзо откривање на малигното заболување, негово излекување, односно ризикот по здравје да е помал. Дијагностицирањето на малигното заболување е со лекарски преглед, сомнеж на малигно заболување, разни лабораториски испитувања, РТГ, ехо, КТ, ултразвук, магнетна резонанца, туморски маркери, биопсија и патохистологија.

Лекување 

Во лекувањето на малигните заболувања во основа се применуваат хируршки зафат, зрачење, хемотерапија. После ова се применува хормонска терапија, цитостатици, антобиотици и имунотерапија.

Во лекување на малигното заболување денес големо внимание се посветува на алтернативната медицина и начинот на исхраната:

Исхраната треба да биде разновидна составена од свежо овошје и зеленчук, интегрални житни растенија, избегнување конзервирана храна, црвено месо, шеќер, алкохол, пушење.

Превенција:

Основно правило да се избегнуваат факторите на ризик

За детално читање на овој текст, погледнете на 4-5 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ФЕВРУАРИ 2021).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>