Сузана Атанасовска
Биолог
|
Неквалитетниот сон е причина за многу болести
Изминатата година нè принуди да ги промениме стекнатите навики и рутини, а со тоа и секојдневието. Притисокот, стресот и новонастанатите животни услови влијаат на нашето расположение и на нашата емоционална состојба – која директно дејствува и на квалитетот на сонот.
Прочитајте ги овие факти, после кои сигурно ќе одите на време во кревет
Истражувањата покажаа дека недостигот на сон, неколку ноќи по ред, може да доведе потполно здрав човек во преддијабетска состојба, односно престанок на регулирање на нивото на гликоза во крвта.
Луѓето кои спијат помалку од седум часа ноќе имаат три пати повеќе предиспозиции да настинат или да се разболат, од луѓето кои спијат седум часа и повеќе.
Организмот на луѓето кои патат од недостиг на сон засилено го лачи хормонот гастрин – кој е одговорен за чувството на глад, што значи таквите луѓе се почесто гладни од тие кои спијат нормално.
Луѓето кои слабо спијат рескираат да заболат од мозочни и психички болести, во многу поголем процент од луѓето кои имаат здрав сон.
Во мозокот преку ден се создаваат материи кои во текот на ноќта за време на сонот се губат. Доколку не спиете доволно вашиот организам трпи слаби „потреси на мозокот“, кои вие дури и не ги чувствувате.
Јодот е главниот придвижувач на штитната жлезда која ја регулира работата на целиот организам (ја стимулира физичката и менталната активност, работата на срцето, плодноста, го нормализира метаболизмот, растот, обновувањето и процесите на заздравување). Статистиката покажува дека многу луѓе поради лошиот начин на исхрана и секојдневниот стрес имаат голем недостиг на јод. Најчести симптоми се: слабост и недостиг на енергија, поспаност, постојан глад, прекумерна тежина (дебелина), низок крвен притисок, лош квалитет на косата и ноктитте, главоболка, заборавеност, депресија и ослабен имунитет.
Јодот најмногу го има во рибиното масло и морските алги, кои не се дел од секојдневното мени на жителите од нашето поднебје.
ОРГАНСКИОТ ЈОД е содржан во:
Природниот јод од кафеавите алги освен што ја одржува нормалната функција на штитната жлезда, го штити нервниот систем и го одржува енергетскиот баланс.
Содржан е во екстрактот од родиола, моќна адаптогена билка која ни дава сила, издржливост, ги штити клетките од оксидативен стрес и нè штити од физички стрес и напнатост.
Природниот органски јод треба да е содржан со 150 мкг чист јод, што е дневна препорачана доза.
Дали знаете дека поголемиот дел од популацијата е хронично ненаспан?
Многу од нас не спијат толку колку што треба, а притоа ни кога треба. Неквалитетниот сон е причина за многу болести.
Победете ја зголемената напнатост, анксиозноста и долготрајниот замор! За тоа од голема помош се чаевите за мирен сон и органскиот магнезиум. Оваа комбинација ќе ви помогне да се опуштите и да воспоставите хармонија после напорниот работен ден.
Органскиот магнезиум во облик на цитрат помага при регулација на крвниот притисок, има смирувачко дејство и го подобрува квалитетот на сонот во текот на ноќта. Во комбинација со валеријана и биофлавоноиди ја хармонизира емоционалната состојба и ја намалува засилената анксиозност.
Фиточаевите со ленорус, нане, валеријана и оригано ја намалуваат нервната напнатост, помагаат да се изборите со стресот, а при тоа го подобруваат и квалитетот на сонот.
Доволно сон овозможува подобро расположение, повеќе енергија, одморено тело и ум, подобра концентрација и фокусираност, како и подобро либидо. Затоа, грижете се за своето здравје – воспоставете хармонија со себеси со помош на лековитите билки!
За детално читање на овој текст, погледнете на 16 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ФЕВРУАРИ 2021).