Фармацевти
Контакт

<< Назад

Бременост и матични клетки од папочна врвца – Единствен избор за безбедна иднина

март 1, 2021

д-р Антони Ангеловски
BIO SAVE МАКЕДОНИЈА

|



Матичните клетки се основните клетки на човековото тело. Првата матична клетка е оплодената јајце-клетка и преку процесите на понатамошна диференцијација и специјализација преминува во разни видови клетки, како, на пример, крвни клетки, нервни клетки, клетки на црниот дроб, мозочни клетки, но и сите останати клетки од кои се формира новото човечко суштество.

Матичните клетки имаат извонреден потенцијал да се развијат во многу различни видови  клетки во телото за време на раниот период на живеење и раст. Покрај тоа, тие служат како еден вид   внатрешен систем за поправање, односно репарирање на ткивата и органите. Според потребата на организмот, се делат без ограничување за да ги надополнат старите клетки, сè додека постои живот. Кога една матична клетка се дели, секоја нова клетка има потенцијал или да остане матична клетка или да стане друг вид на клетка со специјализирана функција и на тој начин да ја возобнови функцијата на друга клетка во организмот, како што е мускулната клетка, цревните, крвните или мозочните клетки. Под одредени физиолошки или експериментални услови овие клетки може да бидат индуцирани да станат клетки специфични за ткиво или орган со посебни функции.

Денес во медицината карактеристиките на матичните клетки се користат за возобнување и замена на оштетените ткива и клетки и на тој начин лекување на разни болести. Постојат повеќе извори на матични клетки кои денес во медицината стојат на располагање за да се користат за идни третмани и тие може да бидат: коскената срцевина, масното ткиво, периферната крв и како најпрефериран избор на матични клетки, со значајно поголем биолошки потенцијал за диференцијација и размножување, матични клетки од крв од папочна врвца.

Како прва научна метода за изолација и примарен извор на матични клетки, која и денес се користи при третмани на одредени заболувања, е коскената срцевина. Трансплантацијата на коскената срцевина претставува трансплантација каде што е потребно да имаме здрав донор кој исполнува одредени критериуми, како, на пример, да припаѓа на одредена возрасна група, да биде во добра здравствена состојба и најважно од сè, да има поклопување на карактеристиките на ткивата, односно задоволителна компатабилност помеѓу донорот и примателот на трансплантатот.

Основно нешто при планирањето на семејството е да бидеме сигурни дека сме безбедни. За време на бременоста идните родители треба најмногу да се запознаат со можностите за сочувување на матични клетки од папочна врвца. Ние во  Bio Save сме посветни на сигурно складирање на матични клетки од папочна врвца. Сите заедно работиме на тоа сигурно да се складираат висококвалитетни примероци кои на вашето дете би му стоеле на располагање во случај на медицинска потреба.

Крвта што останува во папочната врвца по раѓањето е богата со матични клетки на новороденчето, а дополнителни матични клетки може да се најдат и во ткивото на папочната врвца. Откако ќе се роди бебето постои единствена можност да се соберат овие клетки и да се складираат во банка за матични клетки. Во светот е достапен и изборот за донирање на крвта од папочната врвца во јавна банка за матични клетки, додека кај нас единствена опција за сочувување е во приватна банка каде идните родители ги складираат матичните клетки за своето новороденче и за целото семејство.

Крвта во папoчната врвца на бебето има моќ да спаси живот. Затоа, ние имаме за цел да одговориме на сите едукативни барања и да ги одговориме прашањата кои  си ги поставуваат идните родители, а се однесуваат на правилен избор за безбедно сочувување на матични клетки од папочна врвца.

Матичните клетки од папочната крв имаат свои предности во однос на останатите извори на матични клетки. Пред сè, тие се биолошки помлади и значително пофлексибилни од сите останати извори на матични клетки и со тоа докажано имаат потенцијал да даваат поголема корист кај човекот. Успешноста на лекувањето дефинитивно зависи од староста на матичните клетки. Колку матичните клетки се помлади, толку и нивната способност за лекување е поголема. Новите истражувања покажуваат дека болестите кои  доаѓаат со годините, како, на пример, атеросклероза, се манифестираат дури кога матичните клетки на погодениот пациент стануваат престари за самите да го поправат оштетувањето. Од таа причина донорите на коскена срцевина може да бидат само луѓе помеѓу 25 и 45 години.

Исто така, голема предност е што матичните клетки  не се изложени на надворешни влијанија или болести. Времето потребно за собирање  матични клетки од папочна врвца многу ја олеснува постапката и се потребни  само неколку минути по породувањето за тие да бидат собрани. При тоа, методот е неинвазивен и целосно безбеден и безболен за мајката и за бебето. Начинот на употребата и искористувањето на овие матични клетки зависи од количината на земениот материјал, како и од индивидуалните карактеристики на ткивото. Напредните истражувања укажуваат на сериозни ветувања дека во иднина можеме да очекуваме успешно зголемување на бројот на матични клетки во лабораторија, па тогаш ова би било инвестиција која нуди неограничени можности.

Сопствените матични клетки би биле прв избор во лекувањето на многу болести, затоа што телото може оптимално да ги прифати и на тој начин може да се избегне опасноста при користење  туѓи матични клетки кои поради различните карактеристики може да предизвикаат реакција на отфрлање на графтот. Затоа, сè додека терапијата дозволува, секогаш се преферираат сопствени матични клетки.

Матичните клетки од крвта на папочната врвца денес се користат за лекување на повеќе од 80 видови  болести, вклучувајќи болести на имунолошкиот  систем, генетски нарушувања, невролошки нарушувања и некои форми на рак, вклучувајќи леукемија и лимфом. За некои од овие болести матичните клетки се примарен третман. За други, третманот со матични клетки може да се користи кога други третмани не дејствуваат. Исто така, може да се користат во експериментални лекувања на голем број останати заболувања.

Поради тие причини ви советуваме пред раѓањето на вашето дете да размислите за оваа единствена можност и на тој начин да му овозможите да расте заедно со последните медицински достигнувања во свет на медицински напредок кој ќе ви обезбеди посигурна иднина на вас и на вашето дете.

Доколку се одлучите за сочувување на матични клетки на своето бебе, првата работа која би требало да ја направите е да го нарачате својот сет за земање на примерокот кој ќе ви биде потребен за во породилиштето. Bio Save  Македонија е дел од Bio Save  Group  која е застапена во седум земји од регионот. Наш партнер е Fami Cord Group  која претставува најголема  европска банка за матични клетки од папочна врвца. Зад партнерството на Bio Save Group и Fami Cord Group     стои најголемото искуство за сочувувањето на матичните клетки, како и нивната примена во третмани на различни заболувања.

Банката во Европа постои од 2002 година, а денес ја претставува најголемата мрежа на специјализирани и акредитирани лаборатории ширум Европа со солидни и одржливи финансии. Во моментот има преку 750.000 единици на крв и ткиво на папочна врвца и досега има повеќе од 86 трансплантации или инфузии на единици на матични клетки од крв од папочна врвца. Од друга страна, има искуство со повеќе од 3.000 пациенти кои се третирани со матични клетки. Ова неспоредливо искуство нам ни овозможува соработка и прифаќање на сочуваните примероци во повеќе од 1.300 болници ширум Европа и светот. Извонредната стапка на успешни третмани е и најдобриот доказ дека заеднички и многу сериозно ја развиваме идејата за семејно приватно чување на матични клетки од папочна врвца и заслужено ја добиваме довербата на нашите клиенти како најголема и најстабилна банка од интернационална важност.

За детално читање на овој текст, погледнете на 20-21 стр. во електронското издание на BETTY магазин (МАРТ 2021).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>