Фармацевти
Контакт

<< Назад

Време е за пролетно чистење на домот

март 1, 2021



Пролетното чистење на домот е повеќе од пракса која во заднина има историски корени. Денешното време со брзо темпо на живот ни наметнува навики кои ни го прават секојдневието практично и полесно. Во минатото пролетта со себе носела некои правила кои подоцна преминале во традиција. После студените зимски денови домовите имале потреба од темелно отстранување на нечистотиите кои се создавале од начинот на греење, недоволната можност за проветрување или, пак,  непрактичноста за почесто чистење на домот.

Затоплувањето на времето и подолгите денови претставуваат можност да го реализираме пролетното чистење и буквално да го ресетираме својот дом. Време кога можеме да се потсетиме на сите тие обврски што сме ги одлагале за време на зимата.

Чистата средина значи здравје.

Размислете за сите места во вашиот дом кои не може да ги дофати правосмукалката. Поместете ги сите предмети и темелно отстранете ја прашината од нив.

Пролетното чистење, исто така, е добра можност да бидете сигурни одредени работи за одржување, што треба да се исчистат само еднаш или неколку пати годишно,  да ги додадете во списокот за обврски. Некои од овие задачи прават голема разлика во долготрајноста, корисноста и изгледот на вашиот дом, како што се климите, прочистувачите на воздух, па дури и останатиот дел од техниката.

Кога треба да започнете со пролетно чистење?

Постојат два начина да се одговори на ова прашање: Субјективно, треба да започнете со пролетно чистење кога ќе почувствувате дека пролетната свежина започнува да се појавува со топлите денови. Кога ќе почувствувате дека имате премногу натрупани предмети дома и ви недостасува простор за да функционирате подобро и да се чувствувате поудобно. Вториот одговор е кога ќе решите да обновите дел од вашиот дом, да бојадисувате или, пак, да купите некое ново парче мебел.

Покрај чистењето на големите површини, пролетта е одлична можност да ги отстраните сите предмети што не ги користите и ви го зафаќаат просторот и покрај тоа што можеби веќе се нефункционални. Сите оние ситници кои не сте сакале да ги фрлите или, пак, да ги подарите, ставете ги во една кутија и отстранете ги од вашиот видик. Доколку по извесно време забележите дека  тие предмети не ви недостасуваат, тоа значи и дека не ви се потребни.

Исчистете го несесерот со вашите шминки, проверете ги роковите на козметичките препарати што ги користите и отстранете сè што повеќе не е употребливо. Преуредете го плакарот во вашиот тоалет, отстранете ги старите четки за заби или, пак, четките за коса. Брзото темпо на живот наметнува ваквите мали детали да не ги забележуваме или, пак, да го одложуваме нивното средување.

Додека ги преуредувате вашите плакари со алишта, тргнете ги на страна сите парчиња облека  што не сте ги носеле во последната година. Подарете ги некому и направете си простор за да дојдат нови парчиња облека. Истото сторете го и со вашите чевли. Можеби е време да ги отстраните омилените чевли кои веќе се престари за носење.

Оцетот како природно средство за чистење

Оцетот може да ви користи како универзално средство за чистење на многу површини, освен за камените и мермерните површини. Поради својата киселост оцетот не дозволува развој на бактерии и токму затоа може да се каже дека претставува идеален начин за употреба во кујната и бањата.

Направете си природен раствор за чистење со еднаква количина на оцет и вода – во кој доколку сакате можете да додадете етерични масла. Доколку претерате со количината на оцет, тој може да ја разјаде површината. Не грижете се за остриот мирис на оцетот, бидејќи тој исчезнува многу брзо.

Белиот оцет е одлично средство  што може да го користите за чистење на вашето купатило. Ќе ви помогне при чистење на кадата, мијалникот, плакарите или, пак, шолјата. Напрскајте со растворот од оцет и вода, почекајте неколку минути да отстои и потоа пребришете со чиста крпа.

Поради својата висока содржина на киселини, белиот оцет има многу долг век на траење.

Бонус BETTY совет

Доколку имате дамки што сакате да ги отстраните од својот мебел, пробајте го овој раствор за кој ќе ви бидат потребни:

Сите состојки измешајте ги и ставете ги во шише со распрскувач. Напрскајте ги дамките, почекајте десетина минути и избришете со чиста, мека крпа.

За детално читање на овој текст, погледнете на 24 стр. во електронското издание на BETTY магазин (МАРТ 2021).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>