Истражувањата покажуваат дека овие пет постапки можат да доведат до поголема среќа
Бидете задоволни
Минуваме долго време размислувајќи за сите оние работи што ни недостасуваат и што сакаме да ги купиме. Телефонот кој моментално го користиме секако дека е корисен, но сигурно има понов и поскап модел што би сакале да го имаме. Повеќето студии покажале дека среќата има тесна поврзаност со нашите месечни придонеси, но кога навистина би биле задоволни – а со тоа и исполнети? Постојаната желба за нешто повеќе создава еден циклус на незадоволство од кој никогаш нема да се спасиме. Токму затоа, умешноста да се биде задоволен со она што го имаме ќе направи да се чувствуваме посреќни и благодарни.
Ослободете се од зависта
Конкуренцијата може да биде сосема здрава и мотивирачка. Најчесто се наоѓаме во ситуација кога размислуваме за туѓите постапки, се трудиме да бидеме подобри – дури и најдобри од сите. Доколку не се најдеме на победничкото место, тоа го доживуваме како личен неуспех, што предизвикува состојба која ќе доведе до лутина и депресија. За да се ослободите од зависта, сторете сè за да бидете најдобри, но доколку тоа не се случи (а најчесто е тешка остварлива цел), бидете фер играч и потрудете се да се подобрите учејќи од подобриот.
Дарувајте
Дарувањето знаење, мислење, поддршка, мотивација ќе ви се врати како огромно чувство на задоволство. Колегата со кој најмалку соработувате, поканете го на дружење за време на пауза. Обидете се да откриете нешто непознато за него, потрудете се да основате професионална конекција – со што ќе се почувствувате посреќни. Ова е само еден пример за начинот со кој може да им дадете шанса на луѓето околу вас кои можеби немале начин да би се доближат. Чувството дека некој го слуша вашето мислење, ја очекува вашата поддршка и создава нешто благодарение на вашето знаење ќе ве мотивира да се посветите уште повеќе на себеси и да ги усовршите своите квалитети.
Простувајте
Некогаш имањето непријатели е неизбежно. Сите ние имаме луѓе со кои не се согласуваме или, пак, едноставно сметаме дека постапиле многу погрешно спрема нас – по што не сакаме да им простиме. Загриженоста и негативните емоции кон овие личности е како постојано чепкање на раната, што значи дека не дозволуваме таа да заздрави. Лекувањето на негативните мисли е со ослободување од нив. Простувајте и насочете ја својата енергија кон себеси. Тоа е уште еден клуч на среќниот живот. Имајте на ум дека кога простуваме си даваме шанса за да продолжиме понатаму и да не заглавиме во минатото.
Сакајте се
Не на себичен, арогантен или вообразен начин. За да бидете вистински среќни, потребен ви е здрав поглед кон себе, со доволна количина самопочит. Препознајте ги своите квалитети кои ве прават посебни – нема никој ист како вас на овој свет. Имате единствена комбинација на квалитети и таленти што треба да ги споделите со другите.
За детално читање на овој текст, погледнете на 29 стр. во електронското издание на BETTY магазин (МАРТ 2021).