Спец. д-р Дејан Бујишиќ
Ортопед, атлас-специјалист
|
Атлас (C1) е најгорниот (прв) вратен прешлен на ʼрбетниот столб. Тој е наречен според Атлас од грчката митологија, бидејќи ја држи главата. Атласот е најважниот прешлен, зашто е одговорен да ја држи главата. Се наоѓа меѓу основата на главата и вториот вратен прешлен. Од едната страна е поврзан со тилните кондили на тилната коска, а од другата страна со вториот вратен прешлен, наречен „аксис“. Тој е тенок и најлесен прешлен во целиот ʼрбет, со тежина од околу 15-20 грама. Со негова помош се извршуваат сите движења на главата. Покрај него поминува нервот „вагус“, кој ги контролира сите внатрешни органи, како и дел од кранијалните нерви, артерии, вени и лимфни садови.
Кога атласот не е во својата физиолошка положба, тој врши притисок врз артериите, вените, лимфните садови и нервите што поминуваат низ него, а во таква состојба страда мозокот, бидејќи во него нема доволно кислород, така што целото тело се наоѓа во енергетски дефицит. Притоа, под изместување на атласот се подразбира минимално лизгање од само неколку десетини делови од милиметарот. До изместување на атласот доаѓа поради различни причини, како: генетски предиспозиции, патолошка положба на атласот во текот на ембрионалниот развој, неправилно седење, неправилни навики на вртење на вратот, спортска неактивност, неправилна положба при спиење, повреди, како и невролошки, ревматолошки, автоимуни заболувања и нарушување на метаболизмот. Дијагнозата се поставува со анамнеза, рендгенско испитување итн. За лекување на проблемите со атласот најчесто се применува физикална терапија, а во поново време и Атлас релакс методот за репозиција на првиот вратен прешлен.
Главоболка
Главоболката (англиски:
Headache или
Cephalgia) е еден од најчестите симптоми кај луѓето што подразбира болка во пределот на главата, лицето и горниот дел на вратот. Таа настанува како последица на различни нарушувања: од безопасни состојби што не бараат никакво лекување до болести опасни по животот.
Главоболката се јавува кај приближно 10 % од населението на западната полутопка и поради овој симптом околу 30 % од нив се јавуваат на лекар. Во текот на животот главоболката се јавува најмалку еднаш кај 70-95 % од луѓето и тоа најчесто на возраст од 20 до 40 години.
Класификација
Според
Меѓународното здружение за главоболка (англиски:
International Headache Society), главоболките се делат во 3 класи:
Примарни главоболки
- Васкуларна главоболка (мигрена),
- Главоболка предизвикана од вкочување на мускулите (тензиска главоболка),
- Кластер главоболка и останати тригеминоавтономни главоболки,
- Останати примарни главоболки.
Секундарни или симптоматски главоболки
- Главоболка поврзана со повреди на главата и/или вратот,
- Главоболка поврзана со васкуларни нарушувања на главата или вратот,
- Главоболка предизвикана од неваскуларни интракранијални нарушувања,
- Главоболка предизвикана од разни супстанции или по прекин на нивно земање,
- Главоболка предизвикана од општи инфекции,
- Главоболка поврзана со нарушувања на хомеостазата,
- Главоболка или болка на лицето предизвикана од нарушувања на черепот, вратот, увото, носот, синусите или останатите структури на лицето и черепот,
- Главоболка поврзана со психијатриски нарушувања.
Невралгии и останати главоболки
- Кранијални невралгии, централна и примарна болка на лицето,
- Останати главоболки.
Во понатамошниот текст ќе се осврнеме на првите три примарни главоболки како најчест тип на главоболка.
Мигрена
Мигрената е најчестиот тип на главоболка. Таа се појавува поради комбинација на фактори како: притиснати периферни нервни структури околу главата или вратот, чувствителност на централниот нервен систем, метаболистичка нестабилност итн.
На сликата можеме да ги видиме точките каде најчесто се појавува притисокот на нервите.
Тригер за мигрената најчесто се: стресниот начин на живот, нарушен сон, неправилна исхрана, прекумерна употреба на аналгетици, лоша положба на работното место и др.
Долго време се сметаше дека мигрената не се лекува, што е многу погрешен став. Третманот за корекција на положбата на атласот може значително да влијае на интензитетот и фреквенциите на мигренозните напади.
Мигрените може да се поделат во две големи групи:
- мигрена со аура (25 %)
- мигрена без аура (75 %)
При мигрената со аура има сензитивни промени кои се појавуваат непосредно пред главоболката и траат околу 30 мин.
Главоболка предизвикана од вкочување на мускулите (тензиска главоболка)
Најчест тип на главоболка е тензискиот тип. Притоа главоболката е тапа, болка како стегање или како притисок. Болката е лесна до умерено силна. Најчесто нема гадење и повраќање за време на главоболката. Причината за појава на тензиската главоболка е стегнатоста во вратната мускулатура. Понекогаш причините можат да бидат емоционален стрес, неудобна положба на телото и вратот, глад, хроничен замор итн.
Епизодната главоболка понекогаш може да прогресира во честа, па дури и во хронична главоболка.
Третманот на местењето на атласот дава одличен резултат во релаксирање на кратката вратна мускулатура, а со тоа дава добри резултати и во тензискиот тип на главоболка.
Кластер главоболка и останати тригеминоавтономни главоболки
Кластер главоболката се појавува многу поретко од мигрената и тензискиот тип на главоболка. Болката кај кластер главоболката е силна и најчесто е околу едното или другото око. Покрај болката се појавува и солзење на окото, како и затнатост во едната носница. Најчесто времетраењето е пократко за разлика од мигрената.
Кластер главоболката најчесто започнува како периодична главоболка, која се појавува во кластер (групи) од по неколку недели, после што може да поминат месеци или дури и години без никакви симптоми. Главоболките најчесто се појавуваат во ист временски период, може да се појават до пет пати на ден.
За детално читање на овој текст, погледнете на 22-23 стр. во електронското издание на BETTY магазин (АПРИЛ 2021).