Сите сме искусиле моменти кога при бањање се соочуваме со ненадејна промена на температурата на водата. Ефектот на шок создаден од овој бран на ладна вода може да биде вознемирувачки во првата фаза, но според истражувањето многу е корисен за нашето тело.
Што е поздраво? Бањање со топла или со ладна вода? Под ладна вода, се разбира, мислиме на малку млака вода, а не на ледена проточна вода. Секоја личност има температура на вода која може да ја приспособи според температурата на телото – ова за некои може да биде топло, за други скоро ладно.
Предности на бањање со топла вода
- Ги опушта мускулите; топлата вода овозможува опуштање на мускулите што придонесува тие да бидат пофлексибилни и да се чувствувате релаксирано.
- Бањањето со топла вода влијае позитивно на луѓето кои страдаат од несоница. Доколку се туширате пред спиење, тоа ќе овозможи побрзо да заспиете.
- Го намалува крвниот притисок.
- Одредени научни истражувања покажале дека кај пациенти со дијабетес го подобрува нивото на шеќер во крвта.
- Ефикасно е за намалување на главоболката кај луѓето кои страдаат од мигрена.
- Го намалува потењето.
- Топлата температура на водата дејствува подобро на чистењето на телото и го подигнува нивото на хигиена.
- Бактериите умираат полесно.
- Ги отвора порите и ја чисти кожата.
- Топлата вода ги отвора дишните патишта.
Предности на бањање со ладна вода
- Го зајакнува имунитетот.
- Дејствува негативно на поспаноста и го буди телото.
- Ладната вода го забрзува метаболизмот.
- Кај мажите дејствува позитивно на тестостеронот.
- Го разбиструва умот.
- Студениот туш ослободува ендорфин и ја намалува депресијата.
- Ја ревитализира кожата.
- Го спречува опаѓањето на косата.
Топло-ладен шок
Постојат многу луѓе кои го практикуваат овој метод; при бањање со топла вода, одеднаш пуштаат ладна вода и создаваат топло-ладен шок на телото. Ваквата пракса помага при намалување на целулитот во телото, ја регулира циркулацијата во телото, го балансира срцевиот ритам и го забрзува метаболизмот. Студената вода дејствува корисно за нозете – по што ќе се чувствувате поодморени и опуштени.
Правилен начин на бањање
Никогаш не треба да брзате, бидејќи темелното чистење е од голема важност како за личната хигиена, така и за чувството на релаксација по бањањето. Според здравствениот систем Ајурведа во Индија, доколку се бањате со ладна вода најпрво треба да ги измиете рацете и нозете, дури потоа телото и главата. Доколку, пак, се бањате со топла вода, целиот процес треба да започне од стапалата. Најчесто сите ја правиме истата грешка и прво ја миеме косата, а потоа остатокот од телото – што овозможува нечистата вода да помине од нашето тело. Додека се бањаме е потребно посебно внимание да посветиме на лицето, задниот дел од ушите и вратот.
За детално читање на овој текст, погледнете на 32 стр. во електронското издание на BETTY магазин (АПРИЛ 2021).