Фармацевти
Контакт

<< Назад

Меѓународен ден на медицински сестри и акушерки

мај 1, 2021

Велка Гавровска Лукиќ
Здружение на медицински сестри,
техничари и акушерки на Македонија

|

мај 2021 Совети за здравје

Мај е  месец на два важни датуми  за нас  – 5 мај Меѓународниот ден на акушерките и 12 мај Меѓународниот ден на медицинските сестри.  Деновите од 5 мај до 12 мај   Здружението на медицински сестри техничари и акушерки на Македонија (ЗМСТАМ) ги  прогласи за  недела на сестринството.

Меѓународниот ден на медицинските сестри се прославува во целиот свет секој 12 мај на годишнината од раѓањето на Флоренс Најтингел. Светската здравствена организација (СЗО) ја прогласи 2020 г.  за година на медицински сестри и акушерки, како почит кон 200-годишнината од раѓањето на  Флоренс Најтингел, основач на модерната професија на медицинска сестра.

Тоа е признание и за сите 20 милиони  медицински сестри во светот, бидејќи ја става важноста на медицинските сестри и акушерки на политичката агенда.

Во 2018 година Меѓународниот совет на медицински сестри (ИЦН) и Светската здравствена организација започнаа тригодишна кампања „Nursing Now“ за подигнување на политичката свест за важноста на инвестирањето во медицинските сестри. Копретседавачот на кампањата „Медицинска сестра сега“, лордот Најџел Крисп, верува дека Годината на медицинската сестра може да се искористи за да се подигне медицинското образование и да се надополни недостигот на медицински сестри:

„Ова е можност еднаш за генерација за владите навистина да им покажат на медицинските сестри и акушерките колку се ценети. Не со празни зборови, туку со ефективна, одлучна акција за да ни се обезбедат човечки и физички ресурси потребни за да се заврши работата.“

ИЦН и СЗО сакаат да создадат политичка свест дека инвестирањето во повеќе медицински сестри не е трошок, туку одржлива инвестиција во здравството, за придобивки на граѓаните и општеството.

Пандемијата со ковид-19 го смени светот: начинот на кој живееме, на кој се дружиме, работиме, комуницираме едни со други и начинот на кој обезбедуваме здравствена  нега. Тоа ја зголеми видливоста на медицинските сестри како никогаш порано и подвлече дека медицинските сестри и акушерки  се ʼрбетот на секоја здравствена установа.

Медицинските сестри се во првите редови на оваа пандемија, кои работат на едукација, истражување, спречување, лекување и грижа за луѓе со сочувство, нега, еластичност, креативност и големи лидерски способности. Трагично е што многу медицински сестри ги жртвуваа своите животи, некои од нив  се соочија со насилство и злоупотреба. Тие продолжија да работат понекогаш без соодветна заштита и без пристојна плата,  загрижени за зголемениот обем на работа, физичкиот и психолошкиот стрес, одделени од своите најблиски и пофалени како херои. Но, медицинските сестри се луѓе. Тие не се ангели или суперхерои. Тие ги имаат истите потреби и права како и сите други луѓе. Тие се вешти, стручни, високообразовани професионалци кои обезбедуваат холистичка грижа насочена кон луѓето во текот на целиот животен пат.

Пандемијата трае повеќе од една година,  заразата  од вирусот се шири сè повеќе, се исполнуваат болничките капацитети, персоналот е уморен, но солидарноста повеќе е изразена, ротираат голем број на медицински сестри-техничари  и од другите градови за помош на пациентите  во ковид центрите.

Во 2020 и почетокот на 2021 година медиумите позитивно ги претставуваат медицинските сестри со зголемен фокус на работата што тие ја работат. Ние сме благодарни  за видливоста на нашата работа.

За време на пандемијата  ни  беа потребни иновативни пристапи кон здравствената нега,    вклучително и употреба на технологија за да се обезбеди помош од далечина.  Се користеа и онлајн обуки за обучување  едукатори на  медицинските сестри и акушерки. Голема поддршка од претставниците на ОН, како УНИЦЕФ, Канцеларијата на СЗО, поддршка од Здравствената мрежа на Југоисточна Европа, формирање  работни групи поддржани од Министерството за здравство за медицинските сестри и акушерките во ПЗЗ: комуникација; јавно здравје; здравствена едукација и лидерство; управување со ковид-19 во ПЗЗ, вакцинација, ментално  здравје.

Оваа година Меѓународниот совет на сестри (ИЦН) ја избра темата медицински сестри  Глас што води, Визија за идната здравствена заштита – Истражувај и забележувај.

Меѓународната конфедерација на акушерки (ИЦМ) ја избра темата: Следете ги податоците и инвестирајте во акушерките. Конфедерацијата на акушерки ќе ги води постојаните и сè поголеми напори за да ги позиционира акушерките како основни во ставање крај на смртноста на мајките и новороденчињата и да се постигне Целта за одржлив развој СДГ 3.1.

СЗО ја прогласи 2021 година за година на здравствените работници. Ова бара разбирање дека здравствените работници, како што се медицинските сестри и акушерките,  се од витално значење за здравјето на заедниците и економскиот просперитет. Силно сестринство за силни здравствени системи.

За детално читање на овој текст, погледнете на 4 стр. во електронското издание на BETTY магазин (МАЈ 2021).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>