Фармацевти
Контакт

<< Назад

Интервју со Наташа Петровиќ – Кога успехот е неизбежен

мај 1, 2021

Добитничка на бројни награди, Наташа Петровиќ својот талент го докажа и со тоа што беше вброена меѓу десетте најдобри млади филмски актери во Европа на меѓународниот филмски фестивал во Берлин. Восхитувачки позитивна и харизматична, таа зрачи со сјај кој никого не може да остави рамнодушен.

|

мај 2021 Совети за здравје

  1. Што е „Хомо“?


„Хомо“ е филм за човекот. Поточно,  филм е за шест животни приказни на обични луѓе кои се соочуваат со егзистенционални проблеми како резултат на изместените вредности во едно општество какво што е нашево. Нехуманост, алчност,суровост, состојби кои полека го уништуваат човекот, но и општеството во кое живееме.

  1. Која е моќната порака што се доближува до гледачот со филмот „Хомо“, во кој преку шест приказни се опишува човековата потрага за среќа во несреќни околности?


Сите приказни на овие ликови завршуваат со поинаков, различен крај, за некого подобар, за некого полош, но со неколку суштински животни пораки, како, на пример, преиспитување на примарните човечки вредности и освестување на човекот за неговата деструктивна моќ, но што е најважно нè потсетува и дека на сите нам ни е потребна една трошка љубов за да можеме да се носиме со себе и со  секојдневието што го живееме.

  1. Како би го опишала работното темпо со кое го снимавте филмот „Хомо“? Како течеа подготовките и како реагираше публиката на финалниот производ?


Помина доста време од снимањето на филмот, она што ми е останато во сеќавање е убавата и позитивна работна атмосфера, соработката и слободата што ни беше дадена во креирањето на ликовите. Филмот ја имаше својата премиера во склоп на филмскиот фестивал Cinedays минатата година и добро беше прифатен од публиката.

мај 2021 Совети за здравје

  1. Која беше твојата инспирација за соживување со ликот што го глумиш?


На што сè сме подготвени ние луѓето за да ги заштитиме своите најмили и да обезбедиме некаква каква и да е егзистенција.­ Ова беше појдовната точка на истражување и инспирација за овој лик.  Ликот на Кети ми беше особено предизвик, бидејќи е многу различен од мене приватно и особено ми беше возбудлив процесот на креирање, бидејќи ме измести од една комфорна зона на создавање и ме внесе во еден свет во кој нагонот за преживување и потребата за заштита се посилни од егото и личноста.

  1. Што е она што прави да се сакаш себеси уште повеќе?


Има една изрека која гласи: „Ако не се сакаш себеси, како ќе ги сакаш луѓето околу себе?“ Сметам дека тоа е многу точно, бидејќи енергијата што ја емитираме се пренесува и на луѓето околу нас. Среќна сум што сум опкружена со животни и луѓе кои ме почитуваат и сакаат и ги сакам и јас нив со иста мера, што ми прави да се сакам и самата себеси уште повеќе.

  1. Која е предноста да бидеш актер кој зборува повеќе јазици? Дали за време на снимањето размислуваш на јазикот на кој глумиш или, пак, се префрлаш од еден јазик на друг?


Секогаш е предност да се знае јазик плус, бидејќи не знаеш кога и за што ќе ти биде потребен. Имав среќа благорадение на тоа да бидам дел од неколку филмски проекти каде познавањето на босанскиот, англискиот и германскиот јазик беа пресудни за да ја добијам улогата. Секогаш размислувам на македонски и тоа ми помага да можам да си ги објаснам работите и полесно да ги совладам.

мај 2021 Совети за здравје

  1. Што правиш во име на здравиот живот?


Се трудам да се хранам здраво, секогаш кога имам повеќе слободно време одам во село или на планина, пешачам, возам велосипед, почнав да вежбам дома во последно време и можам да кажам дека некако годинава успеав повеќе да се свртам кон себеси и да променам некоја од старите нездрави навики.

  1. Бидејќи менталното здравје е исто така значајно како и физичкото здравје, кој е клучниот фактор за негово зачувување?


Нашето ментално здравје е рефлексија на нашиот живот и треба да се грижиме за него исто како и за физичкото здравје, ако не и повеќе. Сè што вклучува грижа за себе е и грижа за менталното здравје, здрава исхрана, активности што ви го активираат умот, да се биде опкружен со позитивна енергија, грижа за другите... Клучен фактор според мене за зачувување на менталното здравје е искажувањето на своите чувства и емоции, најдете барем една личност со која би се чувствувале слободно и разговарајте, не ги држете емоциите во себе и не срамете се да побарате помош.

мај 2021 Совети за здравје

  1. Како го исполнуваш своето слободно време?


Пандемијава  некако како да го замрзна светот и како сè да застана, па така и мојот интензивен и натрупан распоред  се подослободи и ми отвори простор/слободно време со кое на почетокот мора да признам и не знаев како да се справам, бидејќи во суштина сум човек кој не знае да мирува и постојано нешто прави. Но, почнав полека да ги гледам придобивките и успеав да го искористам целото ова слободно време за  насочување кон себеси и креирање приоритети кои ми помагаат да развијам попродуктивен систем на работа, но, исто така, и да не заборавам на себе. Се навратив на мојата детска пасија а тоа е пишувањето песнички за деца, сликам понекогаш и уживам во мирот и спокојството на мојот дом.

  1. Изминатиот период покажа колку се важни пријателствата и поддршката што си ја даваме во тешките мигови. Како ти ги негуваш своите пријателства?


Пријателите се мојата втора фамилија, со нив успеав да останам неразделна и во овие луди времиња благодарение на модерната технологија и понекогаш и со некоја средба со маски на отворено. Комуницираме, си помагаме на секој можен начин  и само ги зацврстивме нашите пријателски односи уште повеќе.

  1. Која е твојата порака за сите млади и потенцијални актери?


Верувајте во себе и во своите способности, работете многу, бидете отворени за критики и сугестии, не само за пофалби, бидејќи само така ќе можете да растете и да се развивате и што е најважно немојте да заборавите да се забавувате во она што го правите.

За детално читање на овој текст, погледнете на 10-12 стр. во електронското издание на BETTY магазин (МАЈ 2021).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>