Фармацевти
Контакт

<< Назад

Електролити и пробиотици ‒ вистинска комбинација при повраќање и дијареја

јуни 1, 2021

Александра Ситновска

|



Дијарејата е честа манифестација на многу гастроинтестинални заболувања. Таа значи  намалување на фекалната конзистентност и се јавува кога постои дисбаланс помеѓу цревната апсорпција и секреција на водата. Дијарејата е најчестиот здравствен проблеми во земјите во развој и првата причина за хоспитализација кај децата. Третманот на дијареја во основа се состои од замена на изгубените течности преку орален рехидрациски раствор (ORS). Употребата на ORS кај дијареја ја намалува стапката на смртност и морбидитет на болеста, но не доведува до намалување на времетраењето на дијарејата и нејзиниот интензитет. Според Светската здравствена организација, се препорачува хипотоничен орален рехидрациски раствор, затоа што постои ризик од хипернатремија и појаки и почести фекалии, при користење на хипертоничните раствори. Пробиотиците се јавуваат како една од алтернативите кои можат  да го скратат времетраењето на дијарејата. Употребата на јогурт (како пробиотик) во третманот на дијареја е позната пред многу години. Обединетите нации и Светската здравствена организација ги дефинираат пробиотиците како „живи микроорганизми кои, кога се администрираат во соодветни количини, даваат здравствена корист на домаќинот“. Следниве пробиотици, вклучувајќи ги и Lactobacillus GG, Lactobacillus reuteri и Saccharomyces boulardii, се ветувачки агенси за подобрување на текот на акутната дијареја кај децата. Меѓу нив, сите се бактерии, освен S. boulardii, кој е квасна габа. Saccharomyces boulardii е непатоген, нетоксичен вирус на квасец. Тоа е тропскиот квасец кој се наоѓа во постојана едноклеточна состојба. Првпат беше опишан во 1920 година од страна на микробиологот Анри Булер. Квасецот, кој сега го носи неговото име, има оптимален раст на температура од 370 C и преживува премин низ сите нивоа на дигестивниот тракт. Подоцна во почетокот на 1950 година се користел во Франција за третман на дијареја. Saccharomyces boulardii има директен антагонистички ефект врз многу патогени. Неговата ефикасност се припишува на директен инхибиторен ефект врз растот на патогените соеви, антисекреторен ефект со специфично врзување на токсините на цревните рецептори и трофичен ефект врз ентероцитите со стимулација на ензимска активност и неспецифични и антиинфективни механизми како што е антиинфламаторна активност. Saccharomyces boulardii секретира протеаза за која се покажа дека неутрализира одредени бактериски токсини. Исто така, може да го стимулира имунолошкиот одговор.

Како да се препознае дехидратацијата и што да се преземе:

За детално читање на овој текст, погледнете на 30-31 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ЈУНИ 2021).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>