Фармацевти
Контакт

<< Назад

Практични и организирани

август 1, 2021

август 2021

Испланирајте ги вашите алишта

Не носете работи кои  само ќе ги прошетате. Бидете практични и одберете парчиња облека кои  навистина ќе ви бидат потребни. Изберете една од двете „тактики“ со која  ќе можете да се организирате. Првата е да одберете алишта во неколку одредени бои. На пример, филтрирајте облека само во сина, бела, зелена и жолта боја. На тој начин ќе можете многу лесно да ги комбинирате своите парчиња облека и сите ќе бидат соодветни. Вториот начин за практично организирање на вашата облека е правење  секојдневни комбинации. Направете онолку комбинации колку што ќе трае вашиот одмор. На пример, за еднонеделен одмор понесете седум различни комбинации и парчињата облека здиплете ги заедно.

Немате место за парфем?

Доколку патувате со мал куфер и немате мало пакување од вашиот омилен парфем, за да не го носите  со вас, испрскајте ги вашите алишта пред да го затворите куферот или, пак,  помеѓу алиштата наместете парчиња хартија кои  ќе ги испрскате пред да ги ставите во куфер. Ако сте од оние кои  не може да одат на одмор без парфем а стравувате да не се скрши, шишето на парфемот замотајте го во чорапи – или, пак, ставете  го во чорапа.

Искористете го секое ќоше

Долната облека, костимите за капење, чорапите или, пак, малите декоративни парчиња може да ги сместите внатре во вашиот шешир, во некоја од патиките или, пак, високите потпетици. Со цел максимално да го искористите просторот во куферот, најпрво ставете ги најголемите парчиња облека и оние кои  би можеле да се истуткаат. На крај, во меѓупросторот  сместете ги сите мали парчиња облека. Одберете алишта што можете да ги завиткате во ролна и на тој начин ќе заштедите дополнителен простор. Искористете ги сите џебови и патентни делови како на куферот, така и на алиштата.

Направете список

Паметниот не памти, туку запишува! Направете список со сите обврски кои  ги имате пред патување. Запишете ги оние работи што ви недостасуваат и треба да ги купите и сите оние работи  што треба да ги најдете дома. Имајте потсетник со кој  ќе бидете организирани, нема да заборавите да ги проверите сите документи и лекарства. За одредени работи размислете и за поставување  аларм на вашиот телефон. Сето ова покрај тоа што ќе ви заштеди време, нема да ви даде можност да заборавите нешто  пред да одите на одмор.

Бонус BETTY совет

Ако патувате со авион, со цел брзо да го забележите  вашиот куфер при излез од аеродром и за да не дојде до забуна со која  ќе се измеша со нечиј куфер, на него заврзете панделка во некоја впечатлива  боја.

За детално читање на овој текст, погледнете на 27 стр. во електронското издание на BETTY магазин (АВГУСТ 2021).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>