Фармацевти
Контакт

<< Назад

BETTY лик – Дејан Георгиевски

септември 1, 2021

септември 2021

  1. Какво беше чувството да се претставува својата држава пред целиот свет?


- Секогаш кога се борам за Македонија, чувството е посебно. Огромна чест е да се претставува својата држава, особено на Олимписки игри.

  1. Кои се клучните придобивки од теквондото?


- Теквондо е модерен олимписки боречки спорт кој влева многу самодоверба, храброст и истрајност. Всушност, станува збор за доста забавен спорт и токму затоа сите што се двоумат ги охрабрувам да се пробаат во теквондото.

  1. Која би била твојата порака за сите млади спортисти кои сонуваат за големи успеси?


- Она што можам да го кажам е дека е потребна  постојана пракса, односно треба многу да тренираат. Доколку верувате, успехот, секако, дека ќе се појави. Ако искрено и силно верувате, сигурно ќе успеете. За да постигнете врвен спортски резултат, пред сè, треба да живеете во сегашноста и да уживате во моментот. Да верувате дека тоа е мигот на успехот, кој, секако, со упорност и дисциплина ќе си дојде сам по себе.

За детално читање на овој текст, погледнете на 25 стр. во електронското издание на BETTY магазин (СЕПТЕМВРИ 2021).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>