Фармацевти
Контакт

<< Назад

BETTY мама – Како да се подготвиме за првото одење во градинка?

септември 1, 2021

д-р Драгана Емел Маркоска
спец. педијатар
ПЗУ Старс Медика

|

септември 2021

Одењето во градинка за прв пат е еден од најстресните настани во семејството. Мајката мисли дека тоа ќе биде една одлука која многу ќе го поремети редот на детето. Без разлика за која возраст станува збор, кога прв пат детето ќе тргне  во градинка мајката стравува дека никој како неа нема да ги препознае потребите и желбите на нејзиното мало човече.  Во донесувањето на одлуката дали и кога треба да оди детето во градинка најдобро е да учествуваат само мајката и таткото на детето.

КАКО ДА СЕ ОДБЕРЕ ВИСТИНСКАТА ГРАДИНКА

При одбирање на градинката прво на ум што треба да имаат родителите е дека не бараат заменски дом за детето, туку бараат место каде детето ќе биде згрижено, ќе биде среќно и ќе се дружи со другарчињата. При одбирање на градинката секогаш се внимава да биде блиску до местото на живеење на детето или блиску до работното место на еден од родителите. Ова е важно  во случај да треба да го земат детето инцидентно порано да може лесно тоа да се изведе. Освен ова треба да се внимава и на:

ПРИСПОСОБУВАЊЕ  НА ДЕТЕТО ВО ГРАДИНКА

Откако сте ја одбрале градинката и сте го запишале детето, започнува процесот на адаптација. Колку ќе трае процесот на адаптација на детето зависи од повеќе фактори, како што се: неговата возраст, бројот на деца на адаптација во исто време, капацитетот на градинката, како детето ќе се однесува кога прв пат ќе го однесете.

Најчесто со адаптација се започнува со 15 минути до половина час, а потоа времето  зависи   од тоа дали детето плаче, брзо се заигрува, соработува со учителката и сл. Од ова зависи дали може побрзо  или побавно да се зголеми времето.

Пред да се започне со приспособувањето  во градинка потребно е да се започне и дома да се применува истата рутина која детето ќе ја има таму. Односно, рано станување, појадок  во исто време и пожелно е да биде ист како во градинка (мачкано лебче,   каша), истото важи и за ручекот. Исто така, и при заспивањето треба да се трудите да започне да заспива само детето и пред да започне да оди во градинка. Да ја има истата рутина како и таму за да не му биде дополнителен стрес заспивањето  во градинка.

Исто така, доколку станува збор за дете кое е поголемо, т.е. разбира, тогаш треба да се обидете  да му раскажете каде ќе оди, што да очекува таму, сè што е потребно за градинка заедно да го купите. Да започне интензивно дружење со други деца.

Ова е еден многу стресен период од животот на детето, па не се препорачува доколку условите дозволуваат започнувањето со градинка да биде врзано со други големи настани како преселба, нов член во семејството и сл. Треба да имаме на ум дека одењето  во градинка децата ќе го манифестираат на некој начин, дали ќе бидат поплачливи или раздразливи или нема да сакаат да се делат од родителите ни една минута по доаѓањето од градинка. Затоа во тој период треба да бидеме потолерантни и полни со разбирање спрема децата.

Исто така, како што е ова голема нова стресна ситуација за децата, таа е,  исто така, стресна и за родителите. Пред да се започне процесот на адаптација не е лошо  родителите да размислат убаво и тие да се приспособат на ситуацијата, па потоа да им го соопштат тоа на децата. Никогаш родителите не треба да зборуваат лошо за градинката или за учителките пред децата. Не треба да се чувствуваат како да прават нешто лошо со тоа што нивното дете оди во  градинка. Напротив одењето во градинка е еден многу важен дел во социјализацијата и развојот на детето.

Еден друг проблем кој родителите го имаат кога ќе започне одењето во градинка е  разболувањето на децата.

ЗОШТО Е ТОА ТАКА?

Не постои родител кој не си го поставил ова прашање кога неговото дете започнало да оди во градинка. Тој процес е сосема нормален, таму ќе се сретне со други дечиња со кои  ќе си игра и разменувајќи ги играчките може да си ги разменат и сапрофитните бактерии кои секое дете си ги носи или одредени патогени бактерии. При ваквата средба на новите бактерии со заштитните механизми на детето започнува одредена реакција која во зависност од степенот на зрелост на имунолошкиот систем и од неговата способност да се справи со новите патогени ќе  развие одредена реакција. Таа  може да биде манифестирана со течење  секрет од носето, покачена температура, кивање, кашлица и сл. Колку е позрел и поинтактен имунолошкиот  систем толку подобро детето ќе се справи со напливот на патогени и ќе се избори со нив. Она на што треба да внимаваме како родители е да употребуваме одредени додатоци во исхраната, но не во екстремно големи количини, туку доволно за да го поттикнеме правилното работење на имунолошкиот систем.

Освен зрелоста на имунолошкиот систем, исто така, и времето кога се започнува со престој во градинка е важно. Односно, дали е есен кога има најголем број на вируси или на пролет или во лето.

Доколку родителите започнат да го носат детето во градинка во есен или зима, т.е. во поладните месеци, треба да внимаваат на тоа колку детето е облечено, дали и колку престојува надвор. Не треба да се заборави дека и кога е ладно децата треба да престојуваат надвор. Само треба  соодветно да се   облечени и  да  остануваат  надвор колку што дозволуваат условите.

ЗАКЛУЧОК

Одењето во градинка  во исто време е најстресниот, но и најубавиот дел од животот на децата. Да се потрудиме нашите стравови врзани со градинката да не влијаат врз адаптацијата на детето во градинка.

За детално читање на овој текст, погледнете на 28-29 стр. во електронското издание на BETTY магазин (СЕПТЕМВРИ 2021).

 

 

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>