Фармацевти
Контакт

<< Назад

Октомври – месец на борба против ракот на дојка

октомври 1, 2021

Биба Додева
претседател на Здружението за борба против рак „Борка за секој нов ден“

|

okt 2021

Ракот на дојка може да се јави во млечните канали или во клетките што ги обложуваат млечните канали задолжени да ги снабдуваат дојките со млеко. Овој карцином е составен од клетки кoи од разни причини се размножуваат без контрола и имаат потенцијал да се шират на други органи.

Што го предизвикува ракот на дојка во медицината сè уште не е познато.

Можни симптоми на карциномот на дојка:

Прегледот е клучен за рана детекција

Самопреглед

Ракот на дојка е заболување кое најчесто во раните стадиуми на болеста не дава никакви симптоми. Поради тоа тешко може да се дијагностицира, затоа е пожелно  жената да прави редовни самопрегледи на дојките и да  јавува на редовни прегледи со ехо и мамографија. За успешен самопреглед се потребни  два фактора – правилно време и правилна техника.

Кога да извршите самопреглед?

Како да се прегледате?

Правилната техника е клучна и  се состои од разгледување и опипување.

При разгледување на дојките е потребно  да воочите присуството на симетрија, одредени испакнувања или вдлабнувања, како и промени на бојата и структурата на кожата на дојката. Обрнете внимание на брадавиците: дали се еднакви, вовлечени или навлажнети. Никогаш не ги стискајте брадавиците, присуството на исцедок анализирајте го на долната облека. Разгледувањето направете го застанати пред огледало во три позиции: со рацете подигнати над главата, рацете спуштени до телото и рацете поставени на колкови со половината лесно наведната напред.

Опипувањето на дојката треба да го правите во легната позиција, бидејќи во таа положба дојките се рамномерно достапни. Потоа, ја поставувате под глава раката од страна на онаа дојка која ја прегледувате. Со врвовите од прстите на другата рака, но не само со два прста, прегледувате. Истражувајте дали постои тврдина која минатиот месец ја немало и се разликува од другите делови на дојките. Го истражувате подрачјето од клучната коска до линијата под дојката, од градната коска до пазувата, вклучувајќи ја и неа.

Доколку почувствувате промена, не анализирајте ја сами, појдете на лекар и дозволете тој да ги направи потребните анализи. Целта на самопрегледот е навремено воочување на промени.  Редовните прегледи ги извршува лекар специјалист радиолог кој одлучува дали треба да направите ехо на дојките, мамографија или некакво друго испитување.

Лекарски преглед

Карциномот на дојка се лекува, но мора да се открие навремено.

Тестови и процедури кои се користат во дијагнозата на карцином на дојка:

Клинички преглед на дојки: Докторот ќе ги прегледа вашите дојки со цел да утврди дали има присуство на грутки или други абнормалности.

Мамограф: Американското здружение за рак им препорачува на жените редовен мамографски преглед еднаш во годината, по 40. година – затоа доколку имате повеќе од 40 години, зборувајте со вашиот доктор за тоа кога треба да започнете со мамографските скрининзи. Сепак, за тоа дали ви е потребен мамографски скрининг, одлуката ја донесувате вие и вашиот доктор. Овој скрининг подразбира снимање на секоја дојка во две различни позиции: од горниот дел кон надолу и од едната кон другата страна. На резултатите од мамографската снимка ткивото на дојката е прикажано со бела и нејасна боја, додека масното ткиво е потемно и проѕирно. Мамографот има прецизност од 85 до 90 отсто. Овој апарат може да открие абнормалности во дојката пред  тие  да се прошират.

Ултразвук на дојка: Станува збор за снимки од деловите на дојката кои се подлабоко во внатрешноста. Ултразвукот може да помогне во разликувањето на солидната маса и цистата полна со течност. Се препорачува за прегледи на помлади жени.

Отстранување на примерок од клетките на градата за испитување (биопсија): Примероците од биопсијата се праќаат во лабораторија на анализа. Патолозите утврдуваат дали се работи за канцерозни клетки или не. Примерокот, исто така, се анализира со цел да се утврди типот на клетката која се наоѓа во внатрешноста на дојката, стадиумот на карциномот и дали канцерозните клетки имаат хормонски или други рецептори кои би можеле да влијаат врз третманот.

Магнетна резонанца (MRI) за снимање дојки: Се користат магнет и радиозраци за да се направи снимка од внатрешноста на дојката.

За детално читање на овој текст, погледнете на 4-5 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ОКТОМВРИ 2021).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>