Фармацевти
Контакт

<< Назад

BETTY мама – Децата и виртуелниот свет на видеоигрите

октомври 1, 2021

Катерина Златановска Попова
сертифициран советник за развој на кариера

|

okt 2021

„Опседнати се со видеоигри, нонстоп се со телефонот во рака, со саати се пред компјутер“... Ова се само дел од вообичаените коментари кои сѐ почесто ги слушам, а како мајка на двајца тинејџери и лично можам да посведочам дека новите, млади генерации многу повеќе време поминуваат со разните форми на технологија, дури и кога се во друштво со своите врсници или го префрлаат дружењето од реалниот во виртуелниот свет на видеоигрите.

Многу поразлично од детството кое ние како деца сме го живееле, често сме растргнати помеѓу потребата да воведуваме забрани, ограничувања и уцени и задоволството кај децата кога буквално со саати исчезнуваат во виртуелниот свет, исправени пред предизвикот да се помириме со новото поинакво детство кое ѝ припаѓа на новата iGen генерација (изразот произлегува од „интернет генерација“ или како првично се означуваше со Z генерација, и се однесува на родените по 1997 до денес, односно се поврзува со неизбежниот факт дека децата од најрана возраст ракуваат и користат уреди како што се мобилни телефони, таблети и компјутери, интернетот е основен извор за добивање информации, а социјалните мрежи и апликации нивна природна средина).

Борејќи се против моќен и невидлив непријател, ние родителите од година во година ја губиме битката против технологијата и магијата која таа им ја нуди на децата и младите. И јас како родител долго време давав силен отпор и се обидував да воведам ред кога стануваше збор за времето кое им беше дозволено и видот на игри кои им беа достапни на моите деца, но како тие растеа сè потешко успевав да поставам мои правила во поглед на технологијата.

Работејќи професија која е прилично нова и непозната кај нас, како советник за развој на кариера, јас имам потреба да ги следам сите трендови и новини, појавувањето на нови професии целосно нејасни и непознати за нас од оваа перспектива (како, на пример, возач на такси-дрон, или дизајнер на ликови за ТВ-водители од виртуелната реалност), и особено имам обврска да бидам постојано со отворен ум кој гледа далеку во иднината, и иако не догледува јасно чувствува дека професиите на иднината ќе бидат неизбежно поврзани со технологијата и виртуелниот свет.

На една од моите сесии за кариерно советување со еден млад 23-годишник, тој ми ја сподели својата страст кон играњето видеоигри и воедно додаде со воодушевување: „Толку многу вештини развив и усовршив откако редовно играм!“

Мајката во мене остана запрепастена, а кариерниот советник во мене остана да го праша следното логично прашање: „Кои, на пример? Може ли да ми наброиш и појасниш?“

Како експерт и тренер за меки вештини (се нарекуваат уште и преносливи, бидејќи еднаш кога ќе ги совладате тие стануваат дел од вас и вашето животно искуство, како што е, на пример,  сечењето со нож, возењето велосипед, пливањето, користењето компјутер итн.) прашањето кое дава комплетно нова перспектива и ќе ви помогне вам како родители да го гледате играњето  видеоигри со поинакви очи е: „Какви вештини се стекнуваат со играњето видеоигри?“

Погледнете ја листата на вештини (истакнати од страна на мојот клиент, но и од уште неколку тинејџери, вклучително и моите синови, со кои ја отворам оваа тема):

И сега обидете се да се ставите во „чевлите на децата“ и обидете се да размислувате во рамките на детството за кое тие знаат и на кое му се радуваат, како поинаку би можеле децата да ги стекнат сите овие вештини знаејќи дека за некои од нив денешните компании инвестираат огромни буџети за да ги обучат своите вработени и да им ги развијат погоре наведените вештини?

Не плашете се од технологијата и предностите која таа ги носи за вашите деца. Разбирам дека е поинаку од она што вам ви е познато, сепак, не заборавајте дека овие млади генерации ќе живеат со реалноста за населување на Марс и вселенски туристички патувања.

И секако, за крај, морам да додадам дека умереноста е клучот за сѐ вклучително и времето кое треба да го поминуваат децата во виртуелниот свет. Но, наместо да живеете во пекол на постојани семејни расправии обидете се да ги пресретнете потребите и интересите на децата и заеднички да поставите одредени разумни и прифатливи граници.

Преминете на следното ниво!

За детално читање на овој текст, погледнете на 22-23 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ОКТОМВРИ 2021).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>