Фармацевти
Контакт

<< Назад

Helicobacter pylori – Причинител на многу болести на желудникот

ноември 1, 2021

д-р Роза Митрова
специјалист интернист со долгогодишно лекарско искуство
ПЗУ Симбимед - Кавадарци

|



Веќе четириесеттина години медицината се обидува да најде ефикасно решение за еден од најинтересните бактериски причинители Helicobacter PyloriHelicobacter Pylori е присутен во желудникот кај повеќе од 50 % од светската популација и е глобален медицински проблем, бидејќи е грам негативна, спирална, многу отпорна бактерија која има способност да преживее во киселата средина на желудникот и да се насели на гастричната слузница. На неа се прикачува со помош на нејзините флагели. Тука може да опстојува подолго време  без сериозни симптоми, а под влијание на надворешни фактори (стрес, тешка храна, алкохол, пушење) се активира и го разградува заштитниот мукозен слој кој ја штити слузокожата од гастричната киселина. На тој начин се предизвикува воспаление и оштетување на клетките од желудочната лигавица и се јавуваат првите стомачни проблеми. Предизвикува зголемено лачење на желудочна киселина и ако не се третира може да се развијат сериозни компликации:

Со оглед на сериозноста на горенаведените состојби особено е важно да побарате помош од лекар и  да направите тест за хеликобактер ако секојдневно (или повремено во тек на 2-4 недели) се соочувате со некој од следниве симптоми:

Сепак, дури и во случај на потврдена инфекција со хеликобактер


сите позитивни пациенти немаат апсолутна индикација за лекување. Групата на пациенти кои треба да се лекуваат се:


Терапијата за истребување на оваа бактерија е во постојан еволутивен развој уште од нејзиното откривање. Доколку е успешна, повторна инфекција со H. pylori е исклучително ретка. Вообичаено се користи т.н. тројна терапија, која вклучува инхибитор на протонска пумпа (на пр., есомепразол, пантопразол) за регулирање на желудочната секреција на HCl, плус два антибиотика (обично Кларитромицин и Амоксицилин или Метронидазол). Во одредени случаи се вклучува и трет антибиотик (Левофлоксацин), па имаме четворна терапија. Имајќи предвид дека ваквата терапија е агресивна и предизвикува голем број на несакани дејства (мачнина, гадење, дијареја, стомачна болка) кои често се причина за прекин на терапијата, според најновите смерници задолжително при овој третман се вклучува соодветна пробиотска комбинација. Пробиотиците ги намалуваат несаканите ефекти на антибиотската терапија, особено дијарејата, и треба да се земаат 2-3 часа пред или после антибиотикот. Сепак, за да имаме најдобар резултат во последните десетина години се развиени и специјални пробиотици кои имаат антимикробен ефект.

Најзначаен е Lactobacillus reuteri (DSMZ 17648) кој продуцира reuterin кој има антимикробно дејство, но и специфично коагрегира со H.pylori, при што го неутрализира и го исфрла од организмот преку фецесот. На овој начин L. Reuteri (DSMZ 17648)  ја намалува концентрацијата на H.pylori бактериите во организмот. Како резултат на тоа се унапредува ефектот на антибиотската терапија при третман на хеликобактер.

Со оглед на тоа дека хеликобактер инфекцијата е извонредно упорна пациентите треба особено да се придржуваат до терапијата, како во однос на лековите така и во однос на начинот на земање и должината на терапијата.

За детално читање на овој текст, погледнете на 8-9 стр. во електронското издание на BETTY магазин (НОЕМВРИ 2021).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>