Фармацевти
Контакт

<< Назад

Енергичен и здрав појадок

ноември 1, 2021

Емилија Спасовска Мојсовска
магистер по нутриционизам

|



Нашето тело во утринските часови има најголема потреба од енергија и надополнување на резервите, поради тоа е важно да внесеме нутритивно квалитетна храна која на правилен начин ќе го одржи организмот витален и здрав, затоа велиме дека утринскиот оброк треба  да биде најважниот оброк во денот.

Витамините, минералите, протеините, јаглехидратите и антиоксидантите треба да бидат составен дел не само за појадокот,  туку и во текот на целиот ден.

Многу често луѓето се прашуваат кој оброк би можел да биде лесен за подготовка, да биде здрав и корисен,  притоа да не ја наруши телесната тежина.

Моите  предлози за утрински оброци кои брзо се подготвуваат и имаат благотворно дејство на организмот  се следните:

  1. Протеинско смути



Оваа комбинација на протеински  оброк подготвен во блендер ќе му обезбеди доволно енергија на организмот и ќе ја обезбеди  потребната количина на витамини и минерали.

  1. Овесна каша со ленено семе, урми и бадеми


За овој оброк се потребни:

Сварете го овесот на тивок оган, откако ќе се свари додајте го млекото и оставете го да отстои 5-10 минути, потоа додајте ги лененото семе, урмите, бадемите и медот и кашата е подготвена.

Оваа каша  ги обезбедува потребните дневни колични на витамини минерали, како и  растителни влакна.

  1. Каша од киноа и тиква



Ставете ја киноата да се вари на тивок оган, откако ќе се свари оставете ја да се излади, потоа додајте ја претходно сварената тиква, измешајте убаво и додајте ги медот, оревите и ѓумбирот.

Овој појадок  богат со антиоксиданти, витамини и минерали ќе му обезбеди на телото доволно енергија  и ќе му помогне во процесот на исфрлање на токсините.

За детално читање на овој текст, погледнете на 30-31 стр. во електронското издание на BETTY магазин (НОЕМВРИ 2021).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>