м-р по фармација Стефче Монавчев
ИННвента
|
Уролитијазата претставува заболување кое се карактеризира со присуство на камења и песок во уринарниот тракт. Значителен број луѓе на возраст меѓу 30 и 50 години страдаат од уролитијаза. Повисокиот социо-економски статус како и исхраната богата со протеини од животинско потекло ја прават уролитијазата проблем на современото општество, за што сведочат епидемиолошките податоци кои покажуваат дека бројот на луѓе со овој проблем рапидно се зголемува од почетокот на 21 век.
Симптомите кои ја карактеризираат појавата на камења во уринарниот тракт се многу непријатни: болка при одење, крв во урина, повремен млаз на урина или трнење при мокрење. Песокот дополнително предизвикува честа потреба за мокрење. Најдоминантен симптом во клиничката слика за присуство на камења во уринарниот систем е неподносливата еднострана болка во долниот дел на грбот која повремено се шири кон препоните или гениталниот дел, а понатаму кон внатрешната страна на бутот. Болката најчесто се јавува во бранови кои траат од 20 до 60 минути поради спонтани мускулни грчеви, кои се обидуваат да го исфрлат каменот во мочниот меур и дополнително да го елиминираат од телото. Текот на самата болест може да биде комплициран. Покрај непријатните симптоми, потребна е дополнителна претпазливост при сериозни компликации на оваа болест, кои најчесто се јавуваат во подоцнежните фази на болеста (како што се: повторно формирање на калкулус, зголемување на крвниот притисок и слабеење на функцијата на бубрезите).
Што е Urolitinn®?
Urolitinn® претставува биоактивен растителен комплекс кој се користи за превенција и елиминација на сите видови камења и песок од уринарниот тракт. Овој традиционален растителен комплекс успешно се пласира на пазарот и се применува повеќе од 90 години. Urolitinn® се добива со единствена технологија на изработка (процес на хидродестилација) на 8 лековити билки кои делуваат синергистички.
Зошто Urolitinn®?
Благодарение на комбинираното дејство на растенијата чии активни принципи се дел од производот, Urolitinn® го испира уринарниот тракт и ја потпомага подвижноста на мазните мускули, со што се елиминира песокот и камењата од уринарниот тракт, без оглед на нивното потекло. Дополнително, Urolitinn® го спречува развојот на патогени благодарение на компонентите кои имаат антибактериски својства, го спречува и третира воспалението во уринарниот тракт и ги елиминира грчевите и болките во рок од 20-30 минути од моментот на апликација.
Кога се препорачува употреба на Urolitinn®?
Urolitinn® се препорачува за прекумерно создавање на соли во бубрезите (урати, оксалати, фосфати, карбонати), за разни инфекции на уринарниот тракт (циститис, уретритис, пиелонефритис), присуство на камења во уринарниот тракт и појава на болен спазам (грчеви) на уринарниот тракт.
Како да се користи?
Употребата на Urolitinn® е комфорна, 30 ml раствор се зема два пати на ден со помош на дозерот што се наоѓа во пакувањето. Оваа количина треба да се раствори во половина чаша вода и да се испие најмалку 15 минути пред оброк.