Фармацевти
Контакт

<< Назад

Колку ни се потребни витамините и минералите во овој зимски период?

февруари 1, 2022

д-р Севдали Незири
ЈЗУ Општа болница „Д-р Ферид Мурад“, Гостивар
спец. по пулмологија и респираторна алергологија

|

фев-2022

За одржување добар баланс во организмот и подобрување на здравјето витамините и минералите се многу важни. Во услови на денешното брзо темпо на живот под стрес, недостиг  на вежбање, неурамнотежена исхрана, телото бара помош што може постојано да му ја нудиме за да функционира со полн капацитет. Храната која ја јадеме е толку процесирана што прави да внесеме само одредено количество на минерали и витамини, затоа е важно да се земаат и додатоци на исхраната. Комплексот на витамини и минерали претставува единствена и избалансирана комбинација на минерали (селен и цинк) збогатена со витамини А, Ц, Е. Сите содржани витамини и минерали имаат антиоксидантни ефекти што го штитат човечкото тело од негативното влијание на слободните радикали. Покрај тоа, тој придонесува за одржување на нормалната коса, кожа и нокти.

            Живите клетки постојано извршуваат работа. За одржување на високоорганизираните структури, синтетизирање на клеточните компоненти, и многу други процеси е потребна енергија.

Ако се изложите на тешка физичка работа, на јонизирачки зрачења, долго се сончате, подолго се задржувате во простории со многу чад од цигари, консумирате еднолична исхрана, внесувате алкохол, ако сте страствен пушач, ако се наоѓате на места со многу издувни гасови или се разболите, тоа  се услови кои во организамот предизвикуваат создавање слободни радикали.

Слободните радикали се продуцираат во организмот за време на биохемиски

оксидо-редуктивни реакции во кои учествува кислородот. Слободните радикали стапуваат во реакција со несатурираните липиди од клеточната мембрана. Тие во вид на цитотоксичен ендопероксид ја оштетуваат клеточната мембрана и предизвикуваат силни исхемиски нарушувања. Тие се појавуваат и дејствуваат во разни ткива и органи кога е присутно некое воспаление, кога се внесуваат некои лекови или сме изложени на јонизирачки зрачења.

Слободните радикали ја нарушуваат структурата на здравите ткива, и се еден од главните виновници за предвремено стареење, а кога нивниот број ќе се зголеми тие го неутрализираат капацитетот на здравиот огранизам, при што се јавува т.н. „оксидативен стрес“, кој ја зголемува веројатноста за појава на разни болести, како: кардиоваскуларни, имунолошки  заболувања, дијабетес, малигни болести, катаракта, Алцхајмерова, Паркинсонова болест и други.

Борбата за балансирање и уништување на слободните радикали им припаѓа витамините А, Ц и Е, придружувани од селенот, како најмоќни антиоксиданти. Селенот игра важна улога во здравјето на вашиот имунолошки систем. Овој антиоксидант помага во намалување на оксидативниот стрес во вашето тело, при што го намалува воспалението и го подобрува имунитетот. Антиоксидантите ги штитат клетките од оштетување.

Студиите покажаа дека зголемените нивоа на селен во крвта се поврзани со зајакнат имунолошки одговор.

За ефективно дејствување  против слободните радикали проверено решение  претставува моќниот антиоксидант  селен во комбинација со цинк и витамините А, Ц, Е, сигурен и докажан производ кој помага за неутрализирање на нивното штетно влијание, намалување на ризикот од појава на малигни заболувања, стимулирајќи го организмот при зголемена психофизичка активност, за секојдневна превенција  сè со цел подобрување на општата здравствена состојба.

Комплексот на витамини и минерали (селен, цинк и А, Ц, Е) нуди специјално дизајнирана комбинација за поддршка на вашето тело во текот на целата година.

За детално читање на овој текст, погледнете на 16 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ФЕВРУАРИ 2022).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>