Емилија Спасовска Мојсовска
магистер по нутриционизам
|
Мои предлози за оброци кои се нискокалорични, а може да бидат присутни на новогодишната трпеза се следниве:
1.Печурки со спанаќ
Потребни состојки:
- Праз или кромид по желба
- 150 г спанаќ
- 200 г печурки
- магдонос
- лук
Начин на подготовка:
Исчистете ги и исечкајте ги печурките и ставете ги да се динстаат заедно со кромидот и празот.
Додајте го спанаќот и оставете да се динста додека печурките не ја променат бојата. Откако ќе бидат готово, ставете врз нив ситно сечкан лук, магдонос и пола лажица маслиново масло.
______________________________________________________________________________
Бомбици од костени и чоколадо
Потребни состојки:
- 200 г пире од костени
- 50 г путер
- 2 лажички мед
- 2 лажички рум
- 100 г топено црно чоколадо
- 100 г изрендано црно чоколадо
Начин на подготовка:
Измешајте ги костените со путерот, румот и медот, растопете го чоколадото, измешајте. Почекајте малку да се излади и обликувајте бомбици, па секоја извалкајте ја во изрендано чоколадо.
______________________________________________________________________________
Печена ципура со лук
Состојки:
2 парчиња ципура
сол
црн пипер
лимон
2 чешниња лук
магдонос
Начин на подготовка:
Претходно исчистените две парчиња од риба се полнат со лук, магдонос и лимон.
Во тавче се додава маслиново масло, се додаваат двете парчиња риба и се печат на 180 степени.
______________________________________________________________________________
Пита со јаболко и цимет од 3 вида интегрално брашно
150 г интегрално пченично брашно
150 г интегрално јачменово брашно
150 г интегрално овесно брашно
100 мл масло за јадење
200 мл растително млеко
2 јајца
1 лажичка сода бикарбона за готвење
1 лажичка цимет
2 јаболка
1 лажица семки од сончоглед
1 лажица ленено семе
Изматете ги со миксер маслото, јајцата и млекото, додајте го брашното и продолжете да матите, потоа додајте ги ренданите јаболка. Целата смеса ставете ја во плех за печење, наросете со семки од сончоглед и ленено семе и ставете ја да се пече на 180 степени 20 до 25 мин. додека не зарумени.
______________________________________________________________________________
Сурова торта со боровинки
Потребни сосотојки:
- 400 г индиски ореви (отстоени во вода преку ноќ)
- 1 лажица сок од лимон
- 150 мл кососово млеко
- 2 лажици мед
- 200 г боровинки свежи или замрзнати
- 200 г суви урми без коска (отстоени во вода преку ноќ)
- 100 г бадеми
Начин на подготовка:
- Прво се подготвува основа на торатата – пандишпан – ставете ги урмите и бадемите во блендер за да добиете леплива смеса.
Распоредете ја смесата во тава и притиснете ја рамномерно да се распореди, оставете ја во ладнилник 15 минути.
- Исцедете ги индиските ореви и ставете ги во блендер заедно со сокот од лимон, кокосовото млеко и медот, блендирајте додека да добиете смеса како крем, потоа прелијте ја во тавчето врз основата – пандишпанот и рамномерно распоредете и оставете во ладилник 15 минути да се зацврсти смесата.
- Ставете ги боровинките (по избор - додајте една лажичка мед во процесорот за храна за да добиете смеса како крем и прелијте врз филот од индиски ореви, и ставете ја во тортата најмалку 3 часа во замрзнувач.
За сервирање оставете ја тортата 15 минути на собна температура.
За детално читање на овој текст, погледнете на 26-27 стр. во електронското издание на BETTY магазин (МАРТ 2022).