Како во денешно време така и во минатото, жените речиси никогаш немале право да се мешаат во религијата или, пак, да имаат некоја висока религиска позиција. Египет бил исклучок во тоа. Во Египет на жените им било дозволено да имаат титула „Сопруга на Бог“. За прв пат оваа позиција ѝ била дадена на жена која многу му помогнала на еден од главните свештеници и постојано се грижела за статуата на богот. Покрај религиските признанија, истражувањата покажале дека во Египет жените биле дел и од музиката, танцот – на професионален начин.
Во Античка Грција жените не се сметале за граѓани и имале многу ограничени права и слободи. Кога станувало збор за разводот, таа била една од ретките работи што им била дозволена. Доколку некоја жена сакала да се разведе од својот сопруг, било доволно да го убеди мажот да го подготви договорот во нејзино име. За разлика од мажите, кои доколку сакале да се разведат од својата сопруга, доволно било да ја избркаат од дома и се сметаат за разведени.
Како и за повеќето држави во минатото, така и во Рим, образованието на жените било табу-тема. Жените можеле да научат некои основни работи како пишување и читање, но не и повеќе. Постоеле семејства кои со цел нивната ќерка да биде поинтересно друштво за својот сопруг, сакале да ги образоваат. Тие изнајмувале приватни учители кои ги учеле девојките на разни теми. Жените на тој начин не само што биле позабавни, туку имале и поголемо влијание врз мажот.
Биолошки разлики кај жената
За разлика од мажите, жените имаат поизострен слух што им овозможува да го слушнат своето новороденче ако плаче, дури и кога спијат.
Жените побавно се вљубуваат од мажите, бидејќи чувството за доверба им е многу важно во овој процес.
Кога се трудни, жените навистина сјаат. Поради фактот што циркулацијата на трудните жени е многу побрза, кожата на жената станува посјајна и помазна.
Женското тело може подобро да се бори против инфекции отколку машкото тело.
За детално читање на овој текст, погледнете на 30-31 стр. во електронското издание на BETTY магазин (МАРТ 2022).