Фармацевти
Контакт

<< Назад

Како настанува ГЕРБ? Како да го заштитите желудникот?

јануари 1, 2022

д-р Цветко Арсов
интернист, супспецијалист гастроентерохепатолог
ЈЗУ Општа болница, Велес

|



Гастроезофагеален рефлукс е медицинска состојба предизвикана од неспособност на долниот кружен појас на мускулите (сфинктер) околу хранопроводот, што доведува до рефлукс, односно враќање на содржината од стомакот во хранопроводот и предизвикува печење и болка зад градната коска.

Долниот сфинктер на хранопроводот е сплет од мускулни влакна кој е локализиран на крајот од хранопроводот, онаму каде се спојува со желудникот.

Хранопроводот, пак, има изглед на цевка која го поврзува грлото со желудникот.

Кога  сфинктерот е затворен, тој спречува киселината како и останатата содржина од желудникот да се враќа назад во хранопроводот.

Сфинктерот не е под наша контрола, така што свесно не можеме да го контролираме кога да се отвора и затвора.

Гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ)  е честа појава и се јавува  кај 30-40 % од возрасните и е хронично дигестивно нарушување при кое киселината (а понекогаш и жолчка) од желудникот стигнува  во хранопроводот (цевката што го поврзува фаринксот со желудникот), иритирајќи ја хранопроводната слузница и предизвикувајќи симптоми како „горење“, подждригнување,  регургитација, болка во градите. Овие симптоми понекогаш може да ги почувствува секој. Но, кога тие се јавуваат почесто (барем двапати неделно) или кога влијаат на секојдневниот живот, зборуваме за гастроезофагеален рефлукс.

ПРИЧИНИ и ФАКТОРИ НА РИЗИК ЗА ПОЈАВА НА ГАСТРОЕЗОФАГЕАЛЕН РЕФЛУКС

Фактори кои придонесуваат за нормално функционирање на гастроезофагеалниот спој вклучуваат:

Кои се факторите на ризик за гастроезофагеална рефлуксна болест?



Фактори кои придонесуваат за потенцирање на симптомите за гастроезофагеален рефлукс

Кои се симптомите на ГАСТРОЕЗОФАГЕАЛЕН РЕФЛУКС?

Најчести симптоми со кои се соочуваат пациентиет се следните:

Кога треба да се јавите на лекар?


Препорачано е да се јавите на   лекар ако имате болка во градите, особено придружена со други знаци и симптоми, како што се отежнато дишење, болка во раката. Овие симптоми можат и треба да се разликуваат од знаци на срцев удар.

Доколку  имате сериозни или чести симптоми на гастроезофагеален рефлуксен проблем, потребно е да се јавите на лекар за да се започне со соодветни дијагностички процедури за откривање на потеклото на болката.

Дијагностички тестови за ГЕРБ


Горнодигестивната ендоскопија (гастроскопија) претставува снимање на хранопроводот и желудникот, и претставува златен стандард и  најпрецизна дијагностичка метода која помага во поставување на дијагнозата. Ендоскопот претставува тенка, флексибилна цевка опремена со светло и камера која лекарот ја внесува низ грлото, за да ја испита внатрешноста на хранопроводот и стомакот, а со цел  проценка на оштетувањата на слузницата на хранопроводот и желудникот.  Со неа се дијагностицира и степенот на воспалението, а се откриваат и евентуални стеснувањата на хранопроводот, како и други абнормалности.

Ендоскопија може да се користи и за собирање примерок од ткиво (биопсија), ако се потребни понатамошни иследувања.

Со контрастната рендгенграфија (снимање со бариумова каша) може да се открие хијатална хернија или желудочна кила, како и анатомски, односно структурни промени на органите. Оваа метода не е погодна за детекција на рефлуксот. Порано се изведувала како прва дијагностичка постапка кај пациентите со рефлукс и дисфагија, но со широката примена на ендоскопијата нејзината важност е значајно намалена. Од друга страна, рендгенграфијата е корисна дијагностичка постапка за детекција на лесните стеснувања  на хранопроводот.

Компликации



Терапија на ГЕРБ

Лекувањето на ГЕРБ опфаќа два аспекта: фармаколошка терапија и промена во животните навики со што се подобрува квалитетот на животот на пациентот.

Фармаколошка терапија


Целта на терапијата е да се изврши контрола на интензитетот на симптомите, побрзо заздравување на оштетената слузница на хранопроводот, превенција и лекување на компликациите, како и да се избегне повторување на болеста. Овие цели можат да се постигнат со намалување на изложеноста на хранопроводот на желудочниот сок со што се овозможува обновување на интегритетот на слузницата. Кај пациентите со поизразени симптоми, промените во начинот на живот не се доволни за третман и е неопходно  да се надополнат со фармаколошка терапија.

Најчесто користените лековите за третман на ГЕРБ дејствуваат на неутрализација на желудочната киселина и се користат кај пациенти со лесен рефлукс, а без промени на слузницата. Иако овозможуваат брзо, но краткотрајно повлекување на симптомите, не се ефикасни во поглед на заздравување на слузницата.

Современа терапија со широка употреба се лековите кои ја намалуваат секрецијата на желудочната киселина и до 90 % и овозможуваат брзо и ефикасно повлекување на симптомите, како и заздравување на слузницата.

Иницијалниот третман со овие лекови треба да трае од 6 до 8 недели, но, секако, треба да се користат по препорака на доктор.

Совети за здрав начин на исхрана

Покрај фармаколошката терапија, диетата и промените во животниот стил се исто толку важни.

За да се спречи или значително да се намали печењето, потребни се голем број промени во животниот стил. Некои од нив се следните:

За детално читање на овој текст, погледнете на 20-21 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ЈАНУАРИ 2022).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>