м-р д-р Наташа Теовска Митревска
дерматовенеролог
|
Атопичен дерматитис е честа и хронична, пруритична воспалителна состојба на кожата која може да влијае на сите возрасни групи.
Друго име карактеристично за оваа болест е егзема, но овој термин кај народот почесто е асоциран со појава на истите симптоми по рацете. Во повеќе од 90 % првите симптоми настануваат во првата година од животот, а кај 75 % до третата година од животот.
Причините за настанување на атопискиот дерматитис не се целосно познати, но во основа се поврзуваат со задоцнетиот развој на имунолошкиот систем. Голем број од децата во семејната историја имаат некоја од атописките болести (астма, алергиски ринитис). Супстанции кои предизвикуваат алергиски реакции се нарекуваат алергени и тоа алергени од храна: кравјо млеко, јајце, јаткасти плодови (кикирики, бадеми, лешници, ореви), цитрусни овошја, полен, домашна прашина, мувла и животински влакна.
Се карактеризира со појава на суви зони по кожата на скалпот, челото, лицето, како и внатрешните (флексорните) страни на горните и долните екстремитети.
Kај децата и возрасните таа обично се јавува на лицето, вратот и внатрешната страна на лактите, колената и глуждовите. Кај доенчињата егземата обично се јавува на челото, образите, лактите, нозете, главата и вратот.
Егземата понекогаш може да настане како кратка реакција која има симптоми неколку часа или дена, но во други случаи симптомите траат подолго време и се јавуваат како хроничен дерматитис.
Во основа на атопискиот дерматитис е сува кожа, што е резултат на пореметување во метаболизмот на полинезаситената масна киселина – линоленска киселина, што доведува до нарушена кожна бариера.
Koжaтa е сува, што доведува до навлегување на бактерии и алергени во неа и станува задебелена и испукана, по што може да се јават и меурчиња кои влажат, а се создаваат и красти локализирани во подрачјето на вратот, колената и лактите. Упорното чешање ги прави децата нервозни и раздразливи.
Во терапијата да се едуцираат да одбегнуваат чешање и гребење, која е најважната контролна мерка. Да се избегнува прегревање, состојби на интензивно потење и употреба на сапуни, да се практикува носење волнена облека. Да се употребуваат исклучиво соодветни препарати без агресивни состојки за смирување, навлажнување и контрола на сувоста и атопијата во консултација со дерматолог. Користа на диетата е, исто така, ефективна посебно во малата детска возраст. Посебна едукација за заштита од инфекции или рецидиви на бактериски и вирусни инфекции.
Третманот секогаш зависи од возраста на пациентот, целокупната здравствена состојба, видот и сериозноста на состојбата.
Третманот на атопискиот дерматитис подразбира пронаоѓање и отстранување на алергенот, но и на тригер факторите кои го провоцирале неговото појавување. Во локалното лекување во зависност од моменталната фаза на болеста треба да се применуваат емолиенти, кортикостероидни емулзии и кремови кои зависно од секундарните компликации се комбинираат со антибиотици.
Локалната употреба на
калцинеурински инхиботори доведува до намалување на воспалението. Овие лекови се безбедна алтернатива на глукокортикоиди.
Ако чешањето е силно, можат да се препишат и орални антихистаминици. Терапијата исклучиво мора да е под назор и препишана од страна на дерматолог.
За детално читање на овој текст, погледнете на 30 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ДЕКЕМВРИ 2021).