Фармацевти
Контакт

<< Назад

ПРЕВЕНЦИЈА НА ГЛАУКОМ

мај 9, 2022



Превенцијата е клучна кога станува збор за здравјето. Еве неколку работи што можете да ги направите за оптимално здравје на очите на која било возраст!

  1. РЕДОВНО ВЕЖБАЈТЕ
    Истражувањата покажуваат дека луѓето кои се занимаваат со умерени физички вежби имаат 25% помали шанси да развијат глауком. Редовните вежби може да помогнат во ублажување на очниот притисок.

  2. СПИЈТЕ ПОВЕЌЕ
    Недостатокот на сон може да предизвика напрегање на очите и грчеви на очите - и двете може да предизвикаат губење на видот со текот на времето

  3. ЈАДЕТЕ ПОВЕЌЕ ЗЕЛЕНИЛО
    Темно лиснато зелено содржи каротеноиди лутеин и зеаксантин, кои се одлични за здравјето на очите. Извори на храна: спанаќ, кељ, зелена репка, прокељ.

  4. КОНЗУМИРАЈТЕ ПОВЕЌЕ ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК БОГАТИ СО ВИТАМИН Ц
    Клучно за формирање на колаген потребен на сврзните ткива во окото. Извори на храна: домат, зелена пиперка, брокула, цитрусни овошја.

  5. КОНЗУМИРАЈТЕ ПОВЕЌЕ ХРАНА БОГАТА СО ВИТАМИН Е
    Ги штити клетките во очите од оштетување предизвикано од слободните радикали. Извори на храна: јајца, збогатени житарки, зелен лиснат зеленчук, овошје, јаткасти плодови.

  6. ДОДАДЕТЕ ПОВЕЌЕ ВИТАМИН А ВО ВАШАТА ИСХРАНА
    Антиоксиданс кој помага да се спречи губење на видот. Извори на храна: жолчки од јајце, сладок компир, морков, млеко.


За детално читање на овој текст, погледнете на 32 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Мај 2022).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>