Фармацевти
Контакт

<< Назад

Здрави и брзи рецепти за оброк

јуни 1, 2022


Здравиот начин на исхрана го подобрува имунитетот.


Леб од банана


Потребни состојки:
• 3 банани
• 2 јајца, матени
• 1/2 чаша растопен путер
• 2 чаши брашно (или 1 ако користите црно брашно)
• 1 лажица прашок за пециво
• 1/2 лажица сол
• 1 лажица цимет
• Чоколадни топчиња или
јаткасти плодови (по желба)

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Изгмечете ги бананите во голем сад, додадете ги јајцата и путерот, убаво мешајќи за да добиете единечна смеса. Потоа измешајте ги сувите состојки заедно и додадете ги на мешавина со банани. Измешајте повторно за да добиете единечна смеса. По желба може да додадете чоколадни топчиња или јаткастите плодови. Истурете ја смесата во калап за колач и печете 55-60 минути во претходно загреана рерна. Сервирајте по ваша желба и уживајте во лебот од банана.

 

Лосос во бел крем-сос од бело вино и путер


Потребни состојки:
• 2 филети лосос
• 30 г путер (1-2 лажици)
• 1 чаша бело вино
• сок од половина лимон
• 1 главица кромид
• 100 мл неутрална павлака за готвење
• ситно сечкан свеж магдонос
• сол и црн бибер

Начин на подготовка:

Посолете ги филетите лосос со сол и црн бибер. На оган во тавче ставете го путерот да се растопи, па додајте ги двете филети лосос да се пржат. Пржете по неколку минути и од двете страни. Потоа додајте ги виното и сокот од лимон. Кромидот исечкајте го многу ситно и додајте го во тавчето. Оставете го кромидот да омекне околу 4-5 минути, па додајте ја неутралната павлака. Посолете со сол и црн бибер и оставете на тивко да се згусне 2-3 минути. На крајот, ставете ја рибата на чинија за сервирање, а во тавата со бел сос додајте го сечканиот свеж магдонос. Прелијте ја рибата со белиот сос и комбинирајте го овој здрав оброк со свежа салата.

Едно парче лосос (околу 200 г) содржи повеќе од 400 калории, така што дополнителни додатоци и гарнир со ова јадење нема да ви биде потребно.

 

Киноа салата


Потребни состојки:
• 3 лажици варена киноа
• 3-4 шери домати
• ½ главица кромид
• 1 лажица маслиново масло
• малку магдонос
• сок од ½ лимон
• хималајска сол

Начин на подготовка:

Киноата сварете ја во вода. Кога киноата ќе се свари, го сечкате доматот, кромидот и маслинките. Зачинувате со маслиново масло, лимонов сок, хималајска сол и малку магдонос.

 

За детално читање на овој текст, погледнете на 30-31 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Јуни 2022).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>