Ако за време на патувањето сте склони кон мачнина или повраќање, половина час пред патување испијте таблети против мачнина.
Лекови за намалување на температурата – таблети на база на парацетамол или ибупрофен за возрасни и сируп или чепчиња за деца.
Лекови против алергија – алергиите не се ретки во лето. Затоа при рака треба да имате антихистамински таблети или сируп, како и маст против алергии и каснувања од инсекти.
Пробиотик или друго средство против дијареја, како и средство за рехидратација и надополну- вање на електролити изгубени при пролив и повраќање.
Понесете со вас и медицински јаглен кој ќе ви помогне во случај на труење со храна.
Препарат за заштита од сонце со заштитен фактор +50 или +30, крем за хидратација на кожата, како и крем во случај до дојде до изгореници.
Во случај да дојде до повреда или рана, добро е да имате завој, стерилна газа, фластер, ханзаплас, алкохол и 3 % хидроген за првично дезинфицирање на рана, антибактериски спреј или маст.
Понесете и хартиени и влажни марамчиња, пинцета, ножички и топломер.
Кога ќе стигнете, лековите би требало да ги чувате на темно и ладно место, што подалеку од сонце. За сите дополнителни информации консултирајте се со Вашиот BETTY фармацевт. Среќен пат и пријатен престој на избраната дестинација.
За детално читање на овој текст, погледнете на 13 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Јули 2022).
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци