Фармацевти
Контакт

<< Назад

Како да го победиме најголемиот непријател на работното место – СТРЕСОТ?

декември 1, 2022



Ирена Алексовска – „ЕСИ вработување“

Со првото отворање на очите кога се будиме, денот го почнуваме со одредени предизвици, на кои не им придаваме големо значење, како, на пример, дали сме станале на време, дополнителните рутински обврски, хаотичниот сообраќај на патот кон работата, првото испиено кафе што ни го забрзува ритамот, така што ние не забележуваме дека веќе сме под некакво влијание на стрес кога пристигнуваме на работа. Можеби ќе бидете изненадени колку едно вакво утро може да влијае на вашето моментно расположение и состојба.
Стресот вклучува аларм во мозокот, кој реагира со подготовка на телото за одбранбена акција.

Нервниот систем се активира и се ослободуваат хормони што ги заоструваат сетилата, го забрзуваат пулсот, го продлабочуваат дишењето и ги затегнуваат мускулите. Оваа реакција (на борба или бегство) е важна бидејќи ни помага да се одбраниме од алармантни ситуации.

Таа е биолошко програмирана состојба на човекот, што значи дека сите ние реагираме на ист начин, без разлика дали причинителот на таа состојба е на работното место или дома.
Во текот на еволутивната историја луѓето го развивале овој одбранбен механизам (страв) за да се заштитат од опасности во својата околина. На пример, тој побрз пулс и напнати мускули би им помогнале да избегаат од предаторите.

Во модерната ера стравот има важна функција во случај кога имаме потреба од fight or flight или бори се или бегај бидејќи тој може да ја обезбеди потребната енергија за да можеме да се справиме со стресните фактори.

Ваквата хронична стресна состојба може да доведе до психолошки синдром познат како исцрпеност или burnout.

Сигналите што треба да ги регистираме пред да дојдеме до оваа состојба се: депресија, губење на самопочитта и самодовербата, мрзливост, огромна истоштеност, цинизам и чувство на неефикасност.

Некои од факторите што најмногу влијаат се: долги часови на работното место, голем број обврски и барања, несигурност во извршување на обврските на работното место, конфликти со колегите или надлежните итн.

Начините на кои можеме да го редуцираме или да управуваме со стресот се следниве:
• Следење на изворот што го предизвикува стресот и развивање здрави реакции;
• Барање поддршка од семејството, пријателите и од колегите со кои соработуваме;
• Поставување здрави граници и навики, кои нема да ни дозволат да дојдеме до прегорување;
• Време за одмор и посветување внимание на квалитетно спиење;
• Грижа за себе - во ова се вклучени физичка, психичка, емоционална, здравствена итн.;
• Разговор со надлежните за работите што премногу ве активираат;
• Испробување техники за опуштање и приземјување;
• Слушање релаксирачка музика по патот, пред и по работа;
• Избегнување каков било конфликт.

Ова се само дел од предлозите што може да ви се најдат и да ви помогнат во еден таков процес, но кога зборуваме за ваков тип на помош, кај секого е потребна специфична само негова рутина во зависност од природата на неговата работа и секојдневните потреби.
А што се однесува со тебе, драг читателу, обиди се да го најдеш соодветното решение што тебе ти одговара и ти дава чувство на смиреност. Попатно на тоа, те охрабрувам да си дадеш шанса да испробаш некој нов начин за редуцирање на стресот. Можеби ќе се изненадиш од исходот.

За детално читање на овој текст, погледнете на 06-07 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Декември 2022).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>