Фармацевти
Контакт

<< Назад

СИМПТОМИ ШТО УКАЖУВААТ НА КАРЦИНОМ НА ГРЛОТО НА МАТКАТА

декември 31, 2022



Д-р Наташа Николовска

Јануари - месец за подигнување на свеста и навремени прегледи на грлото на матката

Најчеста причина за овој тип на карцином е инфекцијата со хуман папилома вирусот (ХПВ). Одредени типови ХПВ-вируси се одговорни за брзото проширување на карциномот. Иако знаците на цервикалниот канцер не се толку очигледни, сепак треба да ги следите сите промени, кои може да биде предзнак на болеста. Разговарајте со вашиот гинеколог доколку ги забележите.

Слабокрвност
Како резултат на обилни крвавења што се јавуваат кај овој карцином можна е појава на анемија. Доколку се чувствувате изморено, а вашето срцебиење се забрзува и при нормално оптоварување, може да значи дека сте слабокрвни.

Невообичаен исцедок
При проширувањето на канцерот во внатрешноста на грлото на матката клетките од ѕидот на матката почнуваат да се распаѓаат, при што се создава воденикава течност.

Болка или крвавење
Клетките на овој тип канцер расата и се размножуваат на ѕидот на грлото на матката што може да доведат до негова сувост, при што жената чувствува дискомфорт а можна е и појава на слаби крвавења. Запомнете, мора да ја дознаете причината за секое крвавење кое се јавува надвор од менструалниот циклус .

Генитални брадавици
Појавата на генитални брадавици во внатрешноста или надворешноста на вагината се јавуваат при ХПВ инфекција која ги зголемува шансите да се развие карцином на грлото на матката.

Проблеми со мокрење
Зголемениот цервикс прави притисок на мочниот меур и бубрезите со што доаѓа до отежнато истекување на урината. Како резултат на тоа, доаѓа до отежнато мокрење, болки или појава на уринарни инфекции.

Болка во нозете, колковите или грбот
Зголемениот цервикс како резултат на ширењето на канцерозните клетки ги притиска и внатрешните органи и крвни садови. Како резултат на тоа доаѓа до отежната циркулација, која предизвикува болки во нозете и појава на отоци на зглобовите на нозете.

Слабеење
Големиот број видови на канцер предизвикуваат намалување на апетитот. Доколку слабеењето е очигледно и трае подолго време разговарајте со вашиот доктор.

За детално читање на овој текст, погледнете на 16-17 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Јануари 2023).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>