Ајурведата е првата медицина во светот која потекнува од Индија, стара повеќе од 5.000 години и во превод значи наука за животот - наука за живеењето.
Ајурведата не е само едноставен систем за нега на здравјето, туку е и форма на животен стил адаптиран за одржување совршен баланс и хармонија внатре во човековото тело. Оваа древна индиска медицина користи разни техники, кои комбинираат исхрана, хербална медицина, ароматерапија, масажа и медитација, со цел да се врати телото во совршена рамнотежа.
Принципите на ајурведскиот третман се базираат на законите на природата, кои се безвременски и вечни. Според ајурведата, секој човек е создаден од пет основни елементи, кои се наоѓаат во универзумот. Тие се: земја, вода, оган, воздух и етер.
Овие елементи се комбинираат во човековото тело за да формираат три животни сили или енергии наречени доши. Ајурведата се темели врз принципот три доши или теорија на три енергии - вата доша, пита доша и кафа доша.
Секој поединец се раѓа со уникатна комбинација од трите доши. Но, една од нив вообичаено доминира во однос на другите. Секоја од дошите контролира разна телесна функција. Тие се одговорни за физичките, биолошките и за психолошките карактеристики на поединецот.
Здравјето е балансот на овие три енергии. Нивната нерамнотежа е причина за болест или за лошо здравје.
Рамнотежата на трите доши се нарушува од неправилен начин на живеење, продолжен физички и ментален стрес, лоши диететски навики и некомпатибилна храна.
Рамнотежата на дошите се одржува со здрава исхрана, правилен начин на живеење, разни ајурведски билки, минерали и примена на ајурведските техники.
Ајурведата и животната енергија
Практикувачите на ајурведа терапијата веруваат дека сè во универзумот е поврзано. Ако умот, телото и духот се во хармонија со универзумот, ќе имаме добро здравје. Кога нешто ќе го наруши овој баланс - ќе се разболиме. Надворешни фактори што влијаат и може да ја нарушат рамнотежата се: повредите, возраста, емоциите, климатските и сезонските промени.
Според ајурведата, секој човек е создаден од пет основни елементи што се наоѓаат во универзумот. Тоа се: земја, вода, оган, воздух и етер.
Овие елементи се комбинираат во човековото тело за да формираат три животни сили или енергии наречени доши. Дошите го контролираат функционирањето на телото. Трите доши се: вата доша, пита доша и капа доша.
Секој наследува уникатна комбинација од трите доши. Но, една од нив вообичаено доминира во однос на другите. Секоја од нив контролира разна телесна функција.
Практикувањето јога може да влијае врз рамнотежата на трите доши. Избирањето соодветни асани, врз основа на личната конституција, може да помогне практикантите да ги зголемат здравствените придобивки од јогата.
Вата доша (простор и воздух)
Се верува дека оваа доша е најмоќна од трите. Ги контролира основните функции на телото, како, на пример, како се делат клетките. Исто така, ги контролира умот, дишењето, протокот на крвта, функцијата на срцето и екскрецијата. Работите што можа да ја нарушат рамнотежата вклучуват прејадување, страв, тага и останување будни до многу доцна.
Ако вата доша не е во рамнотежа, поголема е веројатноста да развиете анксиозност, астма, срцеви заболувања, кожни проблеми и артритис.
Пита доша (оган и вода)
Оваа доша ги контролира варењето на храната, метаболизмот и одредени хормони, кои се поврзани со апетитот. Работи што може да ја нарушат рамнотежата на оваа доша вклучуваат јадење кисела или зачинета храна и поминување многу време на сонце.
Ако пита доша не е во рамнотежа, поголема е веројатноста да заболите од Кронова болест, срцеви заболувања, висок крвен притисок и инфекции.
Капа доша (вода и земја)
Оваа доша ги контролира растот и развојот на мускулите, јачината на телото и стабилноста, тежината и имунолошкиот систем. Работи што може да ја нарушат рамнотежата вклучуваат спиење во текот на денот, јадење премногу слатка храна или пијалаци што содржат многу сол.
Ако капа доша не е во рамнотежа, поголема е веројатноста да развиете астма или други заболувања на дишните патишта, рак, дијабетес, зголемена тежината и гадење по јадење.
Ајурведски третман
Ајурведата како наука има осум начини за дијагностицирање болест, и тоа преку: пулс (nadi), урина (mootra), столица (mala), јазик (jihva), говор (shabda), допир (sparsha), вид (druk) и изглед (aakruti). Ајурведските лекари пристапуваат кон дијагноза со помош на петте сетила.
Ајурведскиот лекар ќе направи план на лекување специјално дизајниран за вас. Тој ќе ги земе предвид вашата физичка и емоционална шминка, вашата примарна (доминанта) животна сила и рамнотежата помеѓу сите три доши.
Целта на третманот е да го исчисти телото од непроцесираната храна, која може да остане во телото и да доведе до болест. Процесот на чистење наречен panchakarma е дизајниран да ги намали симптомите и да ги врати хармонијата и рамнотежата.
За да се постигне ова, ајурведскиот лекар може да се потпре на прочистување на крвта, масажи, медицински масла, билки или лаксативи.
Современата ајурведа има тенденција да ја постигне виталноста со изградба на здрав метаболистички систем и одржување добро варење и екскреција. Ајурведата, дополнителн,о се фокусира на јога и медитација, а од исхраната ја применува сатвичката диета (sattvic).
За детално читање на овој текст, погледнете на 20-21 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Јануари 2023).