Фармацевти
Контакт

<< Назад

Посветеноста на вашата љубов е симбол на Св. Валентин

април 24, 2023



Во услови на глобална пандемија верувам дека овој празник симболично ќе го обележиме во удобноста на сопствениот дом или пак можеби со некоја заедничка прошетка низ снежните паркови или планини со оние кои ги сакаме. На секој човек му е потребно да внесе поголема доза на љубов во животот. Некои луѓе и воопшто не веруваат во љубов како производ на претходни лоши искуства и разочараност. Верувам дека секој од нас сака да ја доживее вистинската љубов и ја има пронајдено или ќе ја пронајде својата сродна душа.

Денот на вљубените се темели на концепт на љубов во бракот пред се. Овој ден но и сите останати по него е потребно да се олабавиме и смееме заедно со саканите, да практикуваме активности во кои заеднички ќе уживаме, да бидеме романтични се разбира, да ги охрабриме партнерите ако можеби имаат потреба за тоа, да уживаме заеднички во моментот.
За сите кои сакаат да прочитаат неколку реда повеќе да се потсетиме на приказната за Св. Валентин и нејзиното вистинско значење.
Ова е приказна што нè учи многу за љубовта, жртвата и посветеноста – вистинското значење за Денот на вљубените.

Во времето на 269 г.н.е владеел императорот Клавдиј Суровиот (Claudius II Gothicus) кој во третиот век управувал со Римската Империја. Бил многу суров предводник. Влегувал во многу војни во текот на третиот век и со самото тоа му било тешко да регрутира доволно војници.

Неговите верувања биле дека тешко регрутира војници поради тоа што римските војници не сакале да одат да војуваат за да не ги остават своите љубови или семејства.

Затоа тој ги забранил сите бракови и свршувачки во Рим. Илјадници парови биле потиштени и разочарани бидејќи пропаднале нивните надежи за брак и љубов кои ги уништил тиранот. Никој немал храброст да му се спротивстави освен еден скромен и едноставен христијански свештеник кој се викал Валентин.

Тој започнал тајно да ги венчава жените со војници пред тие да тргнат во војна, и покрај наредбите на императорот. Царот Клавдиј дознал за тајните церемонии и го фрлил свештеникот во затвор осудувајќи го на смрт. Додека свештеникот ја чекал својата смртна пресуда во занданите се вљубил во слепа девојка. Чекајќи во затворот и напишал сонет со мастило кое го исцедил од сини темјанушки.

Легендата говори дека неговите зборови ја натерале слепата жена повторно да прогледа. Свети Валентин го дал својот живот за да можат младите парови да бидат врзани заедно во света брачност. Го убиле човекот, но не и неговиот дух. Дури и со векови по неговата смрт, приказната за самопожртвуваната посветеност на љубовта на Валентин била легендарна во Рим.

На крајот, му била дадена светост и Католичката црква одлучила да создаде празник во негова чест. Таа го избра 14 февруари како ден на прославата поради античкото верување дека птиците (особено љубовните птици, но и бувовите и гулабите) започнале да се парат токму на тој ден. Внесете го во своите животи вистинскиот дух на Св. Валентин. Овој празник не е само давање симболичен подарок туку многу повеќе а тоа е љубов, жртвување и посветеност.

За детално читање на овој текст, погледнете на 06 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Февруари 2023).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>