„Љубовта е најголем двигател на светот“
Betty: Како ја Дефинирате љубовта? Дали сметате дека е главен двигател во светот?
Висар: Многумина викаат дека парите го движат светот но кога би ги запрашале зошто им се потребни парите единствениот искрен одговор е дека мислат со тоа ќе бидат поуспешни во љубовта, дека полесно ќе си ја најдат љубовта, дека ќе бидат повеќе сакани. Така да главниот двигател на животот во овој свет е Љубовта. Да не е љубовта кон моите деца, сопруга, родители и фамилија не би имал веќе никаква желба и порив за овој свет.
Betty: Представете ја вашата сопруга.
Висар: Таа е мојот дом. Кога и да сум, каде и да сум со неа јас се чуствувам дома. Спокојно, згрижено, топло и со нашата ќерка самодоволни. А за другите луѓе она е Архитект, уметник и пријател а за мене е се Мерима Тутиќ.
Betty: Колку децата ви даваат љубов, инспирација и среќа?
Висар: Како што кажав после се преживеано, доживеано, изживеано во овој бурен живот тие ми се најглавната инспирација и среќа.
Betty: Кој е патот на кохезија во една врска?
Висар: Искреноста првенствено, тоталната препуштеност. Само со целосна отвореност може да има кохезија.
Во спротивно е само компромис некаков соживот, но никогаш вистински живот, губење време, повреди, непотребни за овој краток живот.
Мерима: Јас сум човек што верува во индивидуалност, и тврдам дека сите сме различни така да ако прашањето е дали постои некој универзален пат на таа кохезија и привлечност мислам дека нема такво нешто. Може да се повторуваат неколку патерни па поради тоа да изгледа како да има некој пат. Само тоа што е длабоко искрено во нас, она вистинското најубаво и најдобро може да го привлече тоа што на нас ни треба.
Betty: Како ќе ја опишете двајцата вашата љубов?
Висар: Хана Вишка и сите нејзини следни браќа и сестри се надевам еден ден најубаво ја опишуваат и ќе ја опишат нашата љубов.
Мерима: Висар е мојата секојдневна инспирација и секој ден се молам и заблагодарувам на господ што тој е дел од мојот живот.
За детално читање на овој текст, погледнете на 10-13 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Февруари 2023).