Фармацевти
Контакт

<< Назад

Чести инфекции на урогениталниот систем? Орален пробиотик може да биде решението!

мај 2, 2023



Пишува: Стефче Монавчев - Магистер по фармација

Вагинални инфекции и „добри бактерии“
Најчести инфекции кај жените за време на репродуктивниот период се вагиналните инфекции, кои настануваат поради нарушување на нормалната бактериска микрофлора на вагината, кога доаѓа до намалување на бројот на „добри бактерии“ и зголемување на „штетните бактерии“ на површината на вагиналната слузница.

„Добрите бактерии“ претставуваат корисни микроорганизми кои се составен дел од нормалната вагинална микрофлора и играат важна улога во одржувањето на здрав вагинален микробиом. Најголем број на корисни микроорганизми припаѓаат на родот Lactobacillus. Лактобацилите синтетизираат млечна киселина и други производи кои помагаат да се спречи раст и репродукција на патогени микроорганизми, да се воспостави оптимална вагинална pH вредност и да се стимулира локалниот имунолошки одговор.

Покрај микроорганизмите од родот Lactobacillus, важна улога во воспоставување и одржување на оптимална микрофлора на вагината играат и „добрите бактерии“ од родот Bifidobacterium. Станува збор за сој на микроорганизам кој првично бил изолиран од ферментирано млеко, го населува цревниот тракт на доенчиња, здрави возрасни лица и е присутен во гениталниот тракт на жените. Видовите на Bifidobacterium го забрзуваат созревањето на имунолошкиот одговор и ја подобруваат функцијата на цревната бариера.
Тие играат важна улога во третманот на дијареа, опстипација и синдром на нервозно дебело црево.
Соевите на лактобацили и бифидобактерии претставуваат пробиотски култури кои, применети во соодветни количини, имаат докажано корисни ефекти врз здравјето на домаќинот.

Во денешно време, прекумерната употреба на лекови, таблети за контрацепција, алкални сапуни, агресивни детергенти за перење и препарати за интимна хигиена може да придонесат за развој на нерамнотежа во составот на вагиналната микрофлора.

Исто така, хормоналните промени кои ја придружуваат бременоста, менопаузата, како и одредени болести како што е дијабетесот, може да предизвикаат вагинални инфекции. Нерационалната употреба на антибиотици може сериозно да го оштети здравиот вагинален и дигестивен микробиом, но и да придонесе за зголемена резистентност на микроорганизмите на одредени лекови. Посебен предизвик за лекарите се повторливите бактериски и габични инфекции на вагината, кои можат особено да ги оптоварат жените, бидејќи се појавуваат два до три месеци по лекувањето, можат да предизвикаат непријатни симптоми и често се лекуваат со различни видови на антибиотици.

Уринарни и вагинални инфекции - зошто може да се појават истовремено? Зошто жените се поподложни на инфекции на уринарниот тракт?
Поради блиската анатомска положба на женските репродуктивни органи, уринарниот и дигестивниот систем, не е невообичаено инфекцијата со истиот микроорганизам да се прошири на околните органски системи. Инфекциите често се пренесуваат преку сексуален контакт, каде одредени бактерии може да се пренесат од вагината или крајот на дигестивниот тракт до уретерот и мочниот меур. Инфекциите на уринарниот тракт се многу чести, особено кај жените.

Повеќе од половина од жените ќе имаат барем една инфекција на уринарниот тракт во нивниот живот.
Интересно е да се забележи дека 4 од 10 жени ќе развијат повторена уринарна инфекција во рок од шест месеци.

Најчести причини за инфекции на уринарниот систем се цревните бактерии или многу поретко габите кои стигнуваат до уринарниот систем.

Со размножувањето на штетните бактерии постепено се развиваат симптоми во вид на печење, болка и често мокрење.

Кои жени имаат зголемен ризик да добијат инфекција на уринарниот тракт?
Постои зголемен ризик од развој на уринарни инфекции кај жени кои се сексуално активни, кај жени кои користат дијафрагма или спермицид како форма на контрацепција, кај бремени жени (хормоните за бременост може да го променат односот на добрите и лошите бактерии во уринарниот тракт), кај жени во менопауза поради губење на естрогенските хормони кои ја олеснуваат репродукцијата на патогени бактерии), кај лица со дијабетес или кај лица со болести на уринарниот систем.

Дел од решението за инфекции на урогениталниот систем може да биде BIOFEMINN®
BIOFEMINN® е додаток во исхраната, орален пробиотик, кој содржи комбинација од внимателно избрани корисни бактерии Lactobacillus rhamnosus, Lactobacillus plantarum и Bifidobacterium animalis subsp. lactis, кои придонесуваат во воспоставување и одржување на оптимална вагинална микрофлора, заштита на уринарниот и дигестивниот систем, како и стимулација на локалниот имунолошки одговор.

Производот BIOFEMINN® ја содржи патентираната формулација SynBalance®, за која е докажано дека ја обновува цревната микрофлора, ја намалува болката и надуеноста, ја колонизира вагиналната слузница по само 7 дена од употребата и спречува појава на уринарни инфекции. Благодарение на неговото антимикробно и антиинфламаторно дејство, ги ублажува симптомите на вагиналните и уринарните инфекции, а со стимулирање на локалниот имунолошки систем го забрзува закрепнувањето и спречува повторување на инфекцијата.

BIOFEMINN® се користи во намалување на симптомите поврзани со вагинални инфекции, спречува појава на повторливи вагинални и уринарни инфекции, за време и по антибиотска терапија, кај лица со нарушена цревна микрофлора, кај бремени жени со отежнато движење на дебелото црево, како дел од подготовка за ин витро оплодување, како и кај лица со неурамнотежена вагинална микрофлора во менопауза.

Производот е безбеден за употреба за време на бременост и по породување, не содржи глутен и може да го користат лица постари од 12 години.

Благодарение на патентираната формулација на корисни бактерии и докажаните клинички ефекти, оралниот пробиотик BIOFEMINN® постигнува продолжено благотворно дејство на уринарниот, гениталниот и дигестивниот систем дури и по прекин од користењето на производот.

За детално читање на овој текст, погледнете на 28-29 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Мај 2023).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>